Неодмна во етерот излезе најновата песна на Теа Трајковска со ДНК насловена „Амајлија“. Ова беше одличен повод да ја исконтактираме пејачката и да ни открие повеќе детали.
Теа стана препознатлива по тоа што многу често го менува својот стил, денеска ја гледате русокоса со раскошни локни, утре бринета со шишки, следниот ден црвенокоса со плетенки… Во секаков стил совршено се вклопува и се ѝ стои одлично.
А како и стои нејзината амајлија?
Ја прашавме и тоа, а ја прашавме и за нејзината тајна за тоа како се одржува во форма, да открие некој трк што можеби ќе им се најде на нашите читателки.
Која е вашата амајлија?
Тоа ќе мора да остане тајна за да не изгуби од својата магија. Сепак, можам да кажам дека e нешто значајно што ме потсетува на дома и на моите најблиски.
Вашата најнова песна „Амајлија“ ја најавивте на многу интересен начин на инстаграм.
Видеото го снимивме заедно со моите драги девојки неодамна на наше заедничко патување во Турција како најава на мојата нова песна “Амајлија,” која ја промовиравме во меѓувреме и е дует со ДНК.
Како се случи оваа песна?
За оваа соработка имав желба подолго време и многу се радувам што конечно се случи. Песната ме освои на прва бидејќи го има препознатливиот звук на 2000-те со кој имам израснато слушајќи го. Тоа време ми буди убави спомени, и мислам дека многу од нашите слушатели ќе ја почувствуваат истата носталгија.
Вие сте позната по тоа што многу експериментирате со стилот и имиџот. Како би го дефинирале сопствениот стил? Дали отсекогаш сте биле таква?
Од кога знам за себе, сакам да експериментирам, посебно со косата. Мислам дека сум ги пробала скоро сите бои и должини.
Како вљубеник во модата, сум отворена за нови трендови, ги следам, ама не слепо затоа што мислам дека персонализирањето на одредено парче облека е многу поважно.
Едно исто парче на пет луѓе различно ќе изгледа – вели Теа.
Стилот ми варира од прекежуал денски до сценичен со драматични парчиња навечер доколку имам настап. Во секојдневието сакам да се чувствувам удобно, додека за настапи сакам да изгледам впечатливо и уникатно.
Често сте во друштво со Лара, дали сте и приватно другарки? Со кој од естрадата се дружите?
Со Лара се знаеме и дружиме 2-3 години и заедно сме дел од тимот на Урбан ФМ, каде секоја недела водиме подкасти. Заедно бевме и на гореспоменатото патување пред месец дена и ептен убаво си поминавме.
Мислам дека е многу важно да постои колегијалност, искрено другарство и разменување на мислења, искуства и совети бидејќи само преку соработување и поддржување едни со други можеме да ја подигнеме македонската музичка сцена. Се дружам и контактирам со голем дел од моите колеги и со сите имам одлична релација.
Што правите во слободно време?
Слободното време го проаѓам со моите најблиски пријатели, кучето и семејството. Сакам да излезам на добра свирка па кога сум слободна, гледам да посетам настап на некој од моите пријатели и колеги.
Доаѓа летото имате ли посебен начин за нега на кожа, коса во летото?
Со доаѓањето на летото мојата рутина за нега на кожа и коса добива посебно внимание за да ја заштитам од сонцето и високите температури. Се разбира користам крема со заштитен фактор како и креми и серуми за хидратација, а за косата спреј за заштита од УВ зраци и топлина пред да излезам на сонце и редовно го посетувам салонот Hairhouse каде соодветно се грижат за мојата коса уште од првиот ден 😊
Каде на одмор?
Искрено се уште немам конкретен план за одмор ама размислувам за неколку преубави бајковити дестинации, па се надевам дека некоја од нив ќе ја посетам летово.
За крај уживајте во најновиот летен хит.