Доколку се борите со вишокот килограми, се храните здраво и тренирате, а притоа килограмите не се топат, тогаш проблемот е во вашите навики.
Најновото истражување покажува дека брзината со која јадете може да влијае на вашата тежина, индексот на телесна маса и обемот на струкот. Имено, научниците спровеле истражување во кое учествувале 60.000 луѓе, а било поврзано со брзината со која јадат луѓето и промената во нивната тежина. Тие дошле до откритие дека личностите кои јадат побавно имаат тенденција за губење килограми.
Личностите кои имаат навика да јадат полека, во просек имале најмал обем на струкот. Оние кои јадат брзо во просек имаат поголем индекс на маса и поширок струк. Најважниот заклучок од истражувањето е дека личностите кои забавиле во текот на оброкот, веднаш почнале да губат од тежината.