CelebrityИнтервјуНега и здравје
COVER STORY

Се гордеам на секоја млада жена, која родила и одгледала сама повеќе деца – женски муабети со Ели Танасковска

Сега некако во тренд се коментари, нека се старее природно. Ако сметаат така , одлично ! Ама природно косата белее, значи да не ја бојадисуваат, да не ги кубат веѓите, надусниците, пазувите. Ја на плажа , до сега немам видно таква природно обрасната и среќна жена- на кафе муабет со прекрасната Ели Танасковска

Advertisement

Гламур интервју со водителката Ели Танасковска

Ели Танасковска е наше познато ТВ лице кое со години е на малите екрани и освојува како со својата речитост така и со нејзината убавина и изглед. Поразговаравме со  Ели за тоа  како грижи за својата убавина и кои се нејзините ритуали за убавина и нејзиниот беспрекорен изглед.

Приватна архива

Прашање: Важите за една од најубавите жени во медиумите кај нас. Која е тајната на Вашиот беспрекорен изглед?

Не можам да се пофалам дека се ми дале гените! Од мојата мајка, наследив убави јагодици, бел тен ама и сува кожа, која  по триесеттите, секако бара грижа. Сува, виткана коса, која е бојадисувана често и бара грижа! Готвам многу, и сакам се да пробам , па потоа се борам со тренинзи. Јас сум многу дисциплинирана, задоена со спорт. И секогаш кога ја минувам границата , со саати во фитнес, Ребис, се трудам да се вратам во форма. Одам редовно на козметичар и користам нивна рачно изработена крема, која единствено ми ја сака лицето. За мојата коса, која расте како класје по дожд најдов рутина. Обичен раствор од пантенол, рузмарин и кокосово масло. А за формата … Пилатес и аеробик. Прекрасна инструкторка, Ана  која не поти до последна капка. Е сега, ако ви кажам дека готвам вообичаено за осумина, оброци со месо, месени домашни специјалитети, разни  миризливи традиционални јадења со суви пиперки, земјени тави, пинџури, сарми, тестенини на сите возможни начини, мои креации од сите светски кујни во едно, јасно ќе ви биде! Колкава жртва , понекогаш мора да бидам. Да готвам, а, да не јадам. За моја голема среќа , мојата внука Изабела е секогаш во кујна со мене. Си играме ресторан, шефови. И таа на 8 години, веќе умее да подготви многу јадења, сама. Секој ден, ама секој ден! Со музика и игра готвиме и си замислуваме гости, многу повеќе од домашните. Еден ден, кога мене ќе ме нема, знам ќе живеам низ приказните , заспивалки која им ги измислувам секоја вечер, додека ги заспивам… Смеењата и игрите, микрофоните и песните , одморите …преку моите премили внуки, Изабела и Софи. Ме следат, во чекор.

Advertisement

Прашање: Каков е Вашиот дневен козметички ритуал? Ете, на пример, со какви препарати го негувате лицето?

Од мојата 25-та година, одам на козметичар. Имаше една возрасна жена, тогаш во тоа време, која ми раскажа како и се чуделе со селанките дека оди на козметичар, а нема плата, ни пензија. Се сеќавам како денес, кога раскажуваше, дека жената мора да е негувана, за себе , за сопругот. Па и дури кога оди на нива и штала. Внуците, кои често ги оставале ситните денари, ги собирала и на крај од месецот имала за автобус и козметички третман. Ете , таа  кротка убава од природа дарувана жена , мене ми беше пример. Си реков. Работам, пишувам, водам … Заработувам, од повеќе места. Не пушам, не пијам, не одам често, односно многу ретко излегувам, тогаш зошто овој ритуал, не би бил едно убаво задоволство и корист. Значи , крема и млако за лице. Без шминка, со насмевка и луѓе сакани, започнува секој мој ден.

Имам голема среќа, што сум амбасадор на Промо Италија и за секоја  бора , сувост на кожата, маана, наоѓаат веднаш лек. Косата и професионалната шминка е во рацете на Диме, кој ги знае сите мои црти до детал. А и расположението, секако!

Приватна архива

Прашање: Што е тоа што најчесто може да се најде во Вашиот козметички несесер?

Не многу. Сјај за уста , моливче,  маскара и крема за раце. Секогаш, мојот омилен парфем .

Advertisement

Прашање: Во последно време се појавуваат многу не-инвазивни методи за подмладување како: Ласери, Мезотерапија, ПРП. Дали мислите дека овие методи помагаат и дали сте ги пробале?

Да, целосна доверба во Оле и Весна , кои ги имаат поминато сите светски обуки. Умеат убаво да пренесат и раскажат. Природниот колаген и свежина во нас жените, за жал бргу го пие жената. Ако , се изложуваме на сонце, многу малку уживаме во бакарниот тен, а потоа цела година го бараме она што сме го имале. Бел тен и свеж изглед. Јас, сакам многу да пливам. И последниве гдини одморите ги минувам со моите внуки и цело пошироко семејство. Јас сум задолжена, за пливањето. Ќе ви раскажам една убава приказна, односно  две.  Кога се роди Изабела, мајка и ја носеше на пливање  уште од 3  месеци. Во Канада, има убави школи за бебиња, кои се корисни. Во случај дете да падне во базен, а скоро секој си има во куќата, умее да се одржува на вода. Изабела, беше бебе од 5 месеци. Во Торони, јас ја префрлував, под вода и над вода. Доаѓаа луѓе да прашуваат, од каде сме?!  И почнаа моите обуки, на плажа , за мали деца. Досега , имам научено да пливаат , многу, многу дечиња. Лани  во Тунис Софи само што наполни годинка. Ја земав со мене и пеев.  Ја лулав , низ малите бранови , со песни од Тоше и редовно заспиваше во вода , под во вода. Пак, доаѓаа луѓе да прашуваат, како е можно два пати во денот да ја заспивам во вода. Ете, едноставно ,така е убаво! Приказниве ги раскажав , за да одговорам. Со толку заштита на лице, плус се вртам , да ги заштитам децата од сонцето, скоро секоја година ми гори лицето и кожата на горниот дел од телото. Мака е голема да се врати убавиот сјај, хидрирана кожа.  Можете да ставате било што, нема спас! Срека , повторно ќе кажам на моите Оле и Весна, Ема ,Ивана од Промо. За најкус рок, се се врака на место . И поубав е изгледот. Сум пробала ПРП неколку пати. Ми земаат крв, се центрифугира, добиваат плазма и таа потоа, се инјектира под кожата. Ефектот е сјајна кожа, мазна. ПРП  , го стимулира производството на колаген. Слично е со мезотерапијата, коктел од витамини. Хијалурон, кој суптилно ги мазни брчките и враќа изгубен волумен. По сите од овие третмани, слободно може да одите само со крем за лице и сјај на усни. Ништо , освен тоа ! Грешат многу жените кои мислат дека негувањето е луксуз. Нека е ! нека имаме моменти за себа. Ме нервираат премногу коментарите на некои жени, кога ке се објави фотографија на жена која си дозволува третман да коментираат… Изгледа одвратно, каква е надуена, доста со тие пластики… нема пластика во козметички третмани. Некој можеби претерал со волумен. Сега некако во тренд се коментари, нека се старее природно. Ако сметаат така, одлично! Ама природно косата белее, значи да не ја бојадисуваат, да не ги кубат веѓите, надусниците, пазувите. Ја на плажа , до сега немам видно таква природно обрасната и среќна жена!

Приватна архива

Прашање: Колку внимавате на исхраната и кои намирници се во вашето мени а кои ги имате исфрлено?

Тешко оди, особено кога навистина сум многу долго во кујна. Иако е тоа, е моја огромна љубов. Секој ден сум на пазар, пазарам. Се трудам сите дома да јадат , готвено, домашно. До лани сама подготвував, ајвар, лутеница, сокови. Комплетно сама. Годинава, му се јави желба и на сопругот. А правам за 3 фамилии. И со радост. Мора да ја споменам и свекрва ми. Таа толку трпеливо седи , лупи и ми раскажува за младешките години.

Месо , скоро и да не јадам, едноставно ми е жал за животните, ама готвам за останатите. Месам, тегнам се што е од брашно. И тука сум слаба. На пити со праз, месо, лазањи , шпагети на сите возможни и невозможни начини. И мислам , навистина сум мајстор за тестенини.

Ама потоа, на фастинг 18/6 и се враќам во форма. Не јадам овошје. Никогаш не сум јадела. Пред некоја година, првпат пробав лубеница.  Пред една година , реков ќе бидам на сурова исхрана. Имав интервенција на ногата. Дома бев. За краток период ,добив многу килограми. Се консултирав со мојата Кате , најдобрата докторка ендокринолог. Ми рече, премногу шеќер. Ете , моето тело не поднесува овошје. А и кога дознав колку пестициди има во него , си реков секој од нас нека си ги слуша пораките од телото. Избегнувам месо, овошје. Јадам зеленчук и млечни производи. Многу студии , различно ве учат. Јас одбрав да верувам на стручни луѓе кои ме уверија, зошто човекот има толку заби. И секачи и катници. Сигурно не , за сокови и блендери. Умерена исхрана, од се по малку, домашна !

Приватна архива

Прашање: Што мислите за естетските корекции и дали можеби во иднина би направиле?

Голем дел од мојот работен век, ми беа темите од медицина. Сум ги снимила скоро сите операции, во сала. Сум добила дозвола, да зборувам за пред и потоа, за луѓе, млади кои имале комплекс од клемпави уши, грбав нос, преголеми или премали гради. Сите тие, потоа, имаат голема самодоверба, среќни се. Се разбира, доколку одбрале добар естетски хирург. За жал сум сведочела и за ревизии и грешки. Ги подржувам сите естетски корекции,  кои  отстрануваат проблеми недостатоци и ја враќаат насмевката. Никој не останал имун на земјината тежа и виснувањето. Имаме одлични естетичари и во иднина доколку видам дека нешто ми е проблем би направила. Мојата мајка, беше вистинска убавица. Одеше исправено, како мини скулптура. Ја мина осумдесеттата. Пред некој ден, ја гушкам и ми вели колку и е убаво со сите нас, не би сакала да замине нагоре. Инаку е многу, многу духовита и полна со живот: Ми вели, живеј го животот , во се што можеш да уживаш. „Ах, пуста младост, лета,  како путер си бев “

За прв пат почувствував тага во очите. Вели „ И очите ќе ти свенат, и кожата…“   И велам „ Мици, па да одиме нешто да поправат“ на шега. Ми вели, „ Не синко, астматичар сум, башка анестезија сега… ке станам дементна“  И наместо се, почна да пее. А , пее како виолина да има . Со многу емоции. Ми разбуди емоција за минливост на времето и иполнување на желбите .

Приватна архива

Прашање: Омилен парфем?

Coach I Michael Kors. Од Канада , си ги земам. Коуч , ми го откри Наталија Грубовиќ , ми го подари и е чудесен.

Прашање: На што најмногу трошите пари кога одите во шопинг?

Ретко одам. За сите овие години,  одење и враќање во Канада, сум начекала многу попусти на најголеми светски брендови, за малку пари. Овде, трошам за апарати за кујна , постелнини, садови. Тоа ми е големо задоволство. И сакам да купувам , за други. Многу сакам , да подарувам.

Приватна архива

Прашање: На која дама ѝ се восхитувате и зошто?

На секоја млада жена, која родила и одгледала сама повеќе деца, Често ги гледав во Канада. Излегуваат од кола, едното во раце, две или три во количка. Сама се снаоѓа, пазари, се грижи за деца, ги носи и враќа од училиште, а нема помош од никого. Се воодушевувам на повозрасни дами, кои се дотеруваат за на пазар. Влегле во деветта деценија, а сами готват, се грижат за внуци, правнуци. Сами плаќаат сметки. Сами плачат, кога се осамени, ама не покажуваат. Сакаат, наследниците да имаат свој живот. Ете, тие се мои хероини. Кои наоѓаат ведра мисла, топла погача дома, гости на врата. И никогаш нема да признаат дека се немоќни.

Прашање: Каква треба да е една современа жена?

Организирана. Задоволна . Да умее , гласно да каже што сака, што не сака. Да прифаќа повеќе работи , кои и носат задоволство , а помалку нервоза. Се разбира , некои работи и мора да ги прави, не може против системот. Но , да прави се , да не претерува, да се преработува. И да знае! Семејството е најубавото пристаниште. Помалку пари, а повеќе љубов во семејството. Тоа е балансот. Да верува на оригинал, не на копии. Се изнагледавме лажни вредности, морал , политики и небаре успешни а исфрустрирани жени, кои умеат да бидат неподносливи. Особено, да знаат политичарите. Мандатот го имаат заради народот. Ним треба да им служат , а не на  материјални задоволства и профит. Патувањата во светот ги имаат да не претстават , нас, да донесат нешто, да споделат, а не да одат на шопинг!

Приватна архива

Прашање: Важите за една од оние жени кои навистина внимаваат на аутфит. Колку следите мода? Дали сами ги одбирате парчињата кои ги носите?

Јас ја подржувам домашната. И со години, преку емисиите давам поддршка на домашните дизајнери на облека, обувки накит. Сум имала многу прилики да видам колку се поевтини брендовите преку океанот, а прескапи кај нас. Но , во ниедно нема да изгледате совршено и посебно, како во дизајн кој е креиран за вас.  Македонските дизајнери, навистина прават убава облека.

Прашање: Дали купувате дизајнерски парчиња? Кое е најскапото парче облека во Вашиот плакар?

Реков , неколку колку пати, сеуште имам парчиња со етикета од многу светски брендови. Таму , се многу евтини. Сум добила на подарок , од многу драги личности  посебни подароци. Тие ми се драги ,дека ми се од посебни луѓе, не заради марката и цената !

Приватна архива

Прашање: Како го постигнувате Вашиот внатрешен мир што е она што најмногу Ве релаксира?

Многумина ми рекле, ме релаксира твојот глас, хармонијата , топлината и мирот што го носиш.

Од дете, сум била смирена. Од дете ме интересирала источна филозофија, умеење , техники  на справување со стрес. Тоа се само искуства, преточени. Кога се внуците дома, станувам 6.30. Подготвувам појадок, одиме во градинка, училиште. Со песна , со насмевка, Ги поздравуваме тетките што готват „манџички“ и ги гушкаме учителките. Одам на работа, договарам, снимам, монтирам. Се враќам, по децата, организирано сите по дома. Кој е слободен. Поставуваме маса, со многу чинии. Играме во паркот, дома, одиме на Ребис ( танцуваат и внуките ), на пилатес, на пливање. Потоа сите на вечера, топла вкусна. Имаме караоке. Пуштаме , пееме, играме. И се знае, за викенд   Дојран, најубавото место за одмор. Мене ми е најубав во есен и зима. Сонце, топло. Луѓе доаѓаат од секаде, за ручек , на кафе, на прошетка. Ние и на 5 степени сме на плажа. Децата играат во песок, ние на кафе. Небото е посебно, воздухот чист. Луѓето, питоми, насмеани. Добри !

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button