NEWSВести

Се додека има оженети и омажени монаси и калуѓерки што сè уште служат, не личиме на црква, посочи владиката Петар

Advertisement

И во државата и во црквата есенцијално е да се прекине со неказнивоста, потенцира владиката Петар во поткаст со Љупчо Цветановски. Мора да постои ред и поредок, за да се биде вистинска автоќефална црква.

„Се додека и во црквата, како и во општеството и државата има неказнивост. Се додека кај нас има расчинети свештени и свештомонашки монаси, монахињи и калуѓерки, луѓе кои се уште не ја напуштиле службата монашка или свештеничка, го напуштиле монашкиот завет, а не се расчинети од страна на црковните судови и тие се, некои од нив дури и оженети, омажени и така натаму, имаат семејства. Не личиме на црква така“, констатира владиката.

Advertisement

„Ние мораме, како што во државата се поставуваат прашањата да проработи правниот, уставниот систем и обвинителството, така мора и во црквата тоа да функционира беспрекорно ако сакаме да има ред и поредок и да видиме вистинска автоќефална црква“, посочи митрополитот преспанско-пелагониски.

Гостувањето на Петар во овој поткаст е директно мотивирано од учеството на Јован во поткастот ПопКаст на Слободен Печат, каде тој најави дека пред Синодот на МПЦ-ОА ќе го отворат прашањето за нефункционалноста на епархиите што владиците од поранешната ПОА ги добија, кога се вратија во МПЦ-ОА. Она што дополнително, веројатно, го изнервирало владиката Петар е тоа што Јован зборуваше за улогата на ПОА во решавањето на спорот со СПЦ и заслугата што за тоа ја има Јован. Петар веројатно мисли дека тој е најзаслужен за „автокефалноста“ на МПЦ-ОА, па побрза да одговори со серија навреди и обвинувања.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button