CelebrityНаши ѕвезди

„Се борев за животот на моето дете, а истовремено го изгубив и Дуле“ – Потресна исповед на Коки Јанков (Видео)

Advertisement

Познатиот виолинист Коки Јанков, долгогодишен пријател и музички партнер на прерано починатиот Душан Љубисављевиќ – Дуле, емотивно се потсети на тешките моменти поврзани со болеста и заминувањето на својот колега и пријател.

Во најава за емисијата „Животна приказна“ на Македонската телевизија, Јанков откри детали од тие денови кога, паралелно со борбата за животот на својата ќерка, го доживеал и најтешкиот момент – смртта на Дуле.

Advertisement

„Се борев на овој начин, се борев, таков е животот нели… Колата не ми беше дома, јас пешки тргнав кон Државна болница. На пола пат ми јавија: ‘Коки, готово е…’ Знаете, кога ќе се случи на некој друг е едно, но кога станува збор за твоето дете, тогаш е повеќе од сопствен живот,“ рече Коки со треперлив глас.

Јанков најави дека годинава, на јубилејното 40. издание на фестивалот „Макфест“, ќе настапи со две песни во чест на својот пријател. Меѓу нив е и легендарната „Виолина и гитара“, со која заедно со Дуле победија на фестивалот во 1996 година.

Душан Љубисављевиќ – Дуле почина на 23 септември 2013 година по тешка борба со канцер, оставајќи длабока трага во македонската музика и во срцата на своите блиски и обожаватели.

Advertisement

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Животна приказна (@zivotnaprikazna)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button