MAMAДом и семејство

Се бореше за воздух, а никој не ја слушна – мајката на Ивона ги откри последните снимки што ѝ се болка и утеха по трагедијата во Кочани (видео)

Advertisement

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува да одекнува низ јавноста, а објавите од семејствата на загинатите млади ја разголуваат целата длабочина на болката со која се соочуваат блиските.

Мајката на Ивона, едно од девојчињата кои го загубија животот во пожарот, јавно ги сподели последните видеа од својата ќерка, снимки направени само неколку минути пред да се случи трагичниот настан. Во емотивната објава, таа објаснува дека токму тие снимки се последните моменти во кои ја гледала својата ќерка „жива, среќна и насмеана“.

Advertisement

Видеата, како што вели, станаа најболниот, но и најсветиот спомен што го поседува:

-Тоа се последните мигови кога моето дете беше живо … кога уште ни светеше животот пред очи“, напиша таа.

Мајката сведочи дека на снимките од моментите кога започнал пожарот и метежот пред излезот, се гледа нејзината ќерка како се турка кон вратата барајќи воздух и помош. Опишува сцени на хаос, паника и борба за живот.

-Гледам како се бори да излезе, како бара само воздух … само живот. Моето дете беше чекор пред спас, а никој не ја прибра.

Таа додава дека во дел од видеото ја слуша Ивона како повикува за помош, но никој не успева да ѝ помогне во гужвата и чадот што ја прекрил дискотеката.

-Последниот здив на моето дете е снимен. Последната борба е снимена, пишува мајката, опишувајќи како секое гледање на видеата ѝ го крши срцето, но и ја држи поврзана со спомените за нејзината ќерка.

Во својата порака таа упатува и ветување дека ќе ја раскажува приказната на Ивона, дека нема да дозволи нејзиниот глас да згасне и дека ќе се бори за правда.

-Ти ветувам, ќерко моја, дека твојата приказна ќе ја кажувам. И правдата ќе ја истерам, напиша таа.

Објавата предизвика силни реакции и поддршка на социјалните мрежи, додека јавноста и понатаму бара одговорност за трагичните настани во кои загинаа млади животи.

Пред три седмици, Стојка Иванова-Антова, мајката на Ивона Антова, младата девојка кој беше една од жртвите што загинаа во пожарот што се случи на 16 март во ноќниот клуб Пулс во Кочани, на социјалните мрежи и посвети потресни зборови на својата ќерка на денот на нејзиниот роденден.

Како што вели оваа неутешна мајка, наместо да го слави со своето чедо роденденот, таа денес ќе оди на гробишта.

-Денот кога се роди моето анѓелче Ивон. На овој ден, пред 22 години, се роди најубавото нешто во мојот живот – моето Ивонче. Мало, нежно анѓелче кое со првиот плач ми ја исполни душата со среќа. Му го дадовме најубавото име, а со него и целото наше срце. Многу ноќи не преспиени, многу грижа, љубов и топлина… Ја чувавме како зеница во окото, се грижевме за секој нејзин чекор, ја учевме да ги почитува луѓето, да сака, да помага, да биде добар човек – и тоа навистина беше. Секогаш насмеана, весела, со големо срце и душа што светеше. Душата ја дававме за неа. Сè што правевме, беше за неа – нашата гордост, нашата радост, нашата иднина. А таа, нашето дете, знаеше како да нè направи најсреќни со едно „мамо“, со еден поглед, со една насмевка.

Емотивните зборови на Стојка Иванова-Антова ги пренесуваме во целост на следниот линк.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button