LIFESTYLEХороскоп

Се ближи Лазарова сабота: Што смеете, а што не смеете да правите?

Advertisement

Лазарова сабота е еден од поголемите христијански празници, а оваа година го празнуваме на 11 април, речиси една недела пред големиот христијански празник Велигден.

ФОТО: pokajanie.mk

Во нашата земја овој празник има големо значење и се прославува низ целата земја, а празник слават и личностите со име Лазар, Лазарка, Лазо, Цветан Цвета и сите имиња што произлегуваат од билки: Лилјана, Калина… . Кај нас со овој празник се поврзани многу обичаи и песни, познати како лазарски. Вообичаено девојките се собираат во групи и одат по куќите во населените места, среќавајќи луѓе и пеејќи песна. Со песните се величи личноста, се посакува здравје на семејството и среќен живот.

Advertisement

На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците. На овој ден обично се оди на река и се вели: Колку далеку го фрлив овој камен, толку подалеку да биде змијата од мене! На овој ден се бере цвеќе, но НЕ се внесува дома, туку важно е да се остави во дворот. Со цвеќето се кити домот, а со водата каде стоело се замиваат домашните.

Според преданието во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата. Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранчиња, како и со својата облека, му го постилале патот.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button