Реклама
Вести

СЕ БАРААТ РАБОТНИЦИ ЗА СЛОВЕНИЈА СО МАКЕДОНСКИ ПАСОШ: Нето плата до 2.300 евра, годишен регрес од 2.000 евра

Реклама

Македонските државјани имаат можност да работат во Европа, но условите и процедурите зависат од тоа дали Македонија има посебни договори со одредена земја и од законите за миграција и вработување на земјата каде сакате да се вработите. Еве неколку важни аспекти кои треба да ги знаете:

Македонија не е дел од ЕУ, но како земја-кандидат има олеснет пристап до работни места во одредени држави.

Маркетинг

фото пекселс

Македонските државјани имаат право да патуваат без виза во Шенген зоната (до 90 дена во рок од 180 дена), но за работа е потребна дозвола за престој и/или работна дозвола.

Маркетинг

Земји со поволности за Македонци

Некои европски земји имаат програми или договори кои го олеснуваат вработувањето за Македонци:

Германија: Голема побарувачка на работна сила, посебно за медицински персонал, градежни работници и технички стручњаци. Програмата за „Западен Балкан“ ја олеснува постапката за добивање работни дозволи.

Словенија: Популарна дестинација за македонските работници, особено во градежништвото, производството и сезонските работи.

Хрватска: Како дел од ЕУ, нуди олеснет пристап за работа во туризмот и угостителството.

фото пекселс

Австрија и Италија: Побарувачка за работници во угостителството, здравството и земјоделството.

Во Словенија има хроничен недостиг на работна сила во одредени индустриски гранки, бројот на барања за вработување на странци е зголемен за три пати од 2016 година, но проблем се долгите процедури за добивање на потребните документи, пренесува РТВ Словенија.

Со 12 отсто учество на странска работна сила, Словенија е над европскиот просек, а Стопанската комора на Словенија посочува дека Словенија има потреба од работници од странство, и ниско и висококвалификувани.

На македонските веб страници има неколку активни огласи за вработување во Словенија.

фото пекселс

На кариера.мк има оглас за вработување во Словенија каде се бара магационер/магацински работник за многу популарен супермаркет кој се наоѓа во Љубљана – Словенија.

Искуство за работната позиција е добредојдено, но и без искуство а желни за учење и работа ќе бидат прифатени.

Опис на работно место:

Работата се одвива во две смени: 15ч – 22ч и 22ч – 05ч, 6 дена во неделата.
Распоредување на прехрамбените производи во магацинот, и на сталажите во маркетот.
Температурата во магацинот е 4-5 степени, за што добивате специјална топла опрема.
Услови кои ги добивате:

Нето плата од 1.500,00 евра до 2.300,00 евра
Годишен регрес од 2.000 евра
Платен топол оброк
Декемвриска бонус плата
Изработка на работна виза

фото пекселс

Услови кои треба да ги исполнувате за апликација:

Познавање на Словенечки или Српско – Хрватски
Согласност и спремност за работа во ноќни смени

Повеќе инфо имате тука

На vrabotuvanje.com.mk има огласи за вработување во Словенија каде се бараат работници за работа во месна индустрија.

нето плата до 1100 евра

регрес во износ од 1850 евра

за кандидати со минимум ОСНОВНО

обезбеден ручек

Рок за пријавување: 

Повеќе инфо имате тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button