Тања Савиќ го пријави нејзиниот сопруг дека ја малтретира.
Вчера во попладневните часови, познатата пејачка Тања Савиќ, која, наводно, била вознемирена и преплашена од својот сопруг, решила да го пријави во полициска станица. Таа наводно ги пријавила својот сопруг затоа што ментално ја малтретирал и физички ја нападнал.
Полицијата го презема случајот на разгледување и ќе види за што станува збор.
Но некои медиумите подоцна објавија дека Тања Савиќ била во полицијата, но всушност не поради тоа што нејзиниот сопруг ја малтретирал, туку затоа што била ограбена.
Но некои медиуми се уште тврдат дека сопругот физички ја нападнал, додека нејзиниот менаџер вели дека не било така.
„Информациите не се точни дека таа претрпе физичко насилство“, вел од ПР-от на Тања, Филип Белан.
Поинаква приказна
Тања не беше дома и една сосетка и се јави, кога забележала дека нешто чудно се случува во нејзиниот стан. Нејзиниот стан бил ограбен. Таа се рати во Белград и виде дека и ги нема пасошите, нејзиниот и на децата. Отишла во полиција која напиша записник и се појави на лице место.“
Инаку, Тања со својот сопруг е о брак од 2011.
Еве како изгледа тој…
Инаку, ва не е прв пат во јавноста да протечат информации дека на пејачката не и цветаат рози во нејзиниот брак.
Тања Савиќ со години тврдеше дека љубовта ќе победи, но очигледно работите не одат во посакуваниот правец.
Таа во моменти на слабост, и пред медиумите зборуваше отворено како ги минува овие тешки моменти.
„Не ми е сјајно во бракот, имам проблеми, но не сакам да се жалам. Секој има проблеми само тоа некој го кажува, некој не. Наскоро ќе снимам нова песна која е моја биографска, вистинска тажна љубовна песна. Тоа му го кажав и на мојот сопруг и тој ми рече дека без него не би ја имала. Затоа, му се заблагодарувам што страдам“, изјави Тања во „Ексклузив“.
Проблеми во бракот
Веќе со години се шпекулира дека нејзиниот брак со Душан Јованчевиќ не е идеален, а неколку пати се пишуваше и дека се разведуваат.
„Ништо во животот не е лесно. Но, повторно мислам дека сè е нормално, па дури и да се има недоразбирања и лоши моменти во бракот, сè е добро додека се сакате со партнерот. Повторно ќе истакнам, љубовта ќе го смени светот, така што во мојот брак секогаш преовладува љубовта која што ги надмина сите тешкотии и сите недоразбирања“.