Крстиња Тодоровиќ, некогашна натпреварувачка во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“, денес е синоним за животна трансформација и внатрешна победа.

На сцената се појави со 160 килограми и се соочи со предизвикот не само да се докаже како пејачка, туку и да ја започне најголемата борба, онаа со самата себе.
Нејзината искреност и храброст го привлекоа вниманието на јавноста, а особено на музичкиот продуцент Саша Поповиќ, кој ѝ понуди поддршка каква што ретко се гледа. Ако ослабе, ѝ вети дека ќе ѝ ја плати операцијата за отстранување на вишокот кожа. И така и беше.

Со неверојатна дисциплина и одлучност, Крстиња симна 100 килограми, а Поповиќ издвои 6.000 евра за операцијата на грбот и на стомакот. По процедурата, што траела околу два и пол часа, следеше еден месец опоравување со специјален заштитен појас. Но сето тоа вредело.

„Шоу-бизнисот е суров. Ќе дојде некој што изгледа подобро, а не пее подобро, и ќе помине. Знаев дека морам нешто да сменам. Најтешко беше да се соочам со себе. Но успеав. И да можам да се вратам назад, пак би го избрала истиот пат“, изјави Крстиња, со видлива емоција.

Нејзината приказна е повеќе од трансформација, таа е сведоштво за тоа колку е важна поддршката во вистинскиот момент, но и за моќта на личната волја. Денес, Крстиња не е само глас од сцената, таа е симбол на надеж, инспирација и нов почеток.