Саша му напишал прекрасна песна на фолк-легендата со кого не зборувал над 20 години – и денес се пее во кафеани
Она што малкумина го знаат е дека една од најубавите песни што ги има напишано, ја посветил токму на пејач со кој бил во караница цели две децении.

Иако веќе не е меѓу нас, Саша Поповиќ остави длабока трага во светот на музиката. Освен што откри и изгради многу кариери, тој зад себе остави и неколку незаборавни хитови.
Она што малкумина го знаат е дека една од најубавите песни што ги има напишано, ја посветил токму на пејач со кој бил во караница цели две децении.
Станува збор за легендата на народната музика – Мирослав Илиќ.
Иако на почетоците често соработувале, се дружеле и заедно патувале, пред повеќе од 25 години се скарале и никогаш повеќе не проговориле. Што точно се случило, никој со сигурност не знае, но тишината меѓу нив траеше со години.
Но пред тоа да се случи, Саша за Мирослав напиша емотивната песна „Зовеш ме на вино“ – песна што и денес предизвикува емоции кај слушателите.
Поповиќ има напишано и други незаборавни композиции: „Откуд тебе да се сетим“ за Јашар Ахмедовски, „Учинило време своје“ за Злата Петровиќ, како и хитот „Бројаница“ за Ана Бекута.
Со Лепа Брена, пак, не само што соработувал со години, туку за неа ја создаде и песната „Нежна жена“, а заедно беа дел и од групата „Слатки грех“.