Станува збор за првата улога на познатата ѕвезда од „Сексот и градот“, во која ќе фрлиме прв поглед…
Значи, јасно ви е уште од самиот наслов дека не станува збор за улога која по ’многу‘ се разликува од онаа на со мода опседнатата Carrie Bradshaw од познатата, ултра женска серија „Сексот и градот“. Овој пат таа ќе ја глуми Isabelle Klempt, опседнатата и ексцентрична уредничка на Vogue.com, во музичката драма за средношколци.
Серијата во која Sarah ќе го отелотвори овој карактер се вика “Glee” и станува збор за четвртата сезона на оваа сапуница која со прикажување на малите екрани ќе стартува од месец Јануари и во која овој пат ќе има дузина нови карактери.
Ликот на Sarah ќе се појавува периодично, почнувајќи од третата епизода, а лик кој исто така ќе се појави сосема ’на ново‘ е оној на Kate Hudson, која ќе настапи во шест епизоди, како учителка по танцување, по име Cassandra July.
Покрај овие големи ѕвезди од малите екрани, исто така епизодни улоги ќе имаат и познатите актерки Whoopi Goldberg и Carmen Tibideaux.