Огласи
Наши ѕвезди

Сара беше самохрана мајка на две деца, Андреј остави 10-годишна ќерка – естрадата во солзи по несреќата

И Карлеуша изрази сочувство до семејствата на жртвите, ги познаваше членовите на групата „ДНК“

advertisement
advert

И музичката ѕвезда Јелена Карлеуша се огласи по страшната трагедија што се случи во раните утрински часови во Кочан.

Таа сподели тажна порака во која ги потсети своите следбеници дека загинатите членови на ДНК беа гости на нејзиниот концерт.

Карлеуша го напиша следново на Фејсбук:

реклама

„Уште еднаш изразувам најдлабоки и најискрено сочувство до целата братска Македонија. Ужасна, ужасна трагедија! Толку млади животи, плачам додека ги читам вестите“, напиша таа, па го додаде и следново:

Инстаграм

„Момците од македонската група ДНК беа гости на мојот концерт во Скопје.. Тие се сакани од македонската публика. Не верувам дека го пишувам ова. Нека Универзумот им даде сила на семејствата на загинатите во ова страшна болка“, објави Јелена Карлеуша на својот профил на социјалните мрежи.

Марpкетинг

Инстаграм

Потсетуваме, меѓу жртвите во страшната трагедија е и пејачот на групата ДНК, Андреј Ѓорѓиевски, а неговиот колега од бендот Владимир Блажев – Панчо моментално е во болница и е на кислородна поддршка.

Инстаграм

Покрај Андреј, во несреќата почина и Сара Пројковска, придружен вокал во бендот, тапанарот Ѓорѓи Ѓоргиев од Струмица.

Инстаграм

Почина и музичарот Филип Стевановски од Куманово, како и фотографот на бендот, младиот Александар Ефремов.

Пејачот Андреј бил идентификуван од неговата сопруга Наталија, а зад себе остави десетгодишна ќерка.

Инстаграм

Неговата колешка од бендот, Сара Пројковска, професорка во средно музичко, беше самохрана мајка на две деца.

epp

Во несреќата според сегашните информации, починале 59 лица, но многумина стравуваат дека оваа бројка би можела да се зголеми во период што следува. Најмладата жртва има само 14 години, а меѓу починатите има и еден полицаец кој требало да биде награден за најдобар полицаец во Пробиштип.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button