Грејаната ракија или вино со додатоци на цимет, каранфилче и сл. се типични пијалоци кои не загреваат и расположуваат зимно време.
Љубителите на шарени и егзотични коктели кои се пијат летно време можат да испробаат нови рецепти за коктели кои се пијат во текот на есента и зимата. Сангријата која лете ја пиеме со лед може едноставно да го смени рувото и со вистинските додатоци да стане вистински есенско-зимски пијалок. Можете да ги поканите пријателите и заедно да уживате во ова слатко задоволство или едноставно да ја зачините семејната вечера.
Потребни состојки:
· 1 литар бело вино
· 3 шолјички ракија од јаболки (по желба можете да додатете и ¼ јаворов сируп)
· 1 шолја минерална вода
· ½ шолја бурбон
· 4 стапчиња цимет
· 2 јаболки исечени на парчиња
· 2 круши исечени на парчиња
· 2 сливи исечени на парчиња
Измешајте ги сите состојки заедно во голем бокал и додадете го овошјето исечкано на ситни парлиња. Оставете да се излади во фрижидер (најдобро во текот на ноќта) и уживајте во прекрасниот вкус!
Извор: fashion.hr