Реклама
Коса

Шампон и регенератор од Lorvenn Paris за заштита на руса, сива, шатирана или фарбана коса

Реклама

Навистина е прекрасно чувството кога ќе излезете од фризерски салон со нова боја на косата, но многу често се случува косата за брзо време да ја изгуби саканата нијанса и сјајот, посебно ако не се посвети доволно внимание на грижа за косата. 

За да ја одржите бојата што е можно подолго и да имате здрава и квалитена коса треба да воведете производи за нега на косата кои ќе ви помогнат во тоа, а ние би ви препорачале да ја пробате иновативна формула од линијата Chromacare System на производи за нега на коса од Lorvenn Paris. Со новата линија Chromacare System од LORVENN PARIS вашата коса останува здрава, убава и сјајна, а вашата омилена боја ќе трае најмалку два пати подолго и постојано ќе изгледа како туку што да сте излегле од фризерскиор салон. Основната цел на овие производи (шампони, регенератори и маски за коса) е да ја хранат, негуваат и да и дадат цврстина и сјај на фарбаната коса. Секоја коса која е хемиски третирана е кршлива, сува, без сјај и слаба и има потреба од дополнително третирање со специјални производи. Професионални производи на LORVENN PARIS со ефикасната нова филозофија „Chromacare System“ (прочитајте повеќе за целата линија тукасе тестирани од професионални стилисти за коса. Производите се со специјално избрани состојки со чија помош ќе имате убава и здрава коса, а нивните основни карактеристики се современата технологија, врвниот квалитет и ефикасност.

Маркетинг

Новата иновативна формула е специјално дизајнирана да ги задоволи потребите на секој тип на коса. Производите се тестирани во живо, НЕ содржат парабени и се дерматолошки тестирани од независна лабораторија. Производите вклучуваат три основни категории (терапија, заштита на боја и стилизирање), а денес ќе ви ја претставиме линијата PHYTO GLAM која има за цел да ја заштити бојата на вашата коса и да и даде природен сјај. Формулата преставува иновација со црвени фитопигменти (црвени екстракти во боја) и првенствено е наменета за кафена, црвена и бакарна фарбана коса.

Маркетинг

SILVER PURE

SILVER Pure линијата е наменета за сива, руса и шатирана фарбана коса, а со користењето на овие производи ќе го продолжите траењето на интензитетот и заштита на бојата, со што ќе ја обнови вашата коса и таа ќе добие природен сјаји здрав блесок. Основни состојки на производите од оваа линија на Lorvenn Paris се екстракт од боровинка , млечни протеини, антиоксиданси и состојки за омекнување. Природниот екстракт од боривинки ја хидрира, измазнува и омекнува косата и е богат со антиоксиданси и висока концетрација на танини за долготрајност на бојата и висок сјај. Млечните протеини пак допринесуваат за хидрирање, потхранување, заштита и обновување на влакната на косата, додека специјалните пигменти допринесуваат за заштита од сонце.

Шампон 

Нежен шампон специјално дизајниран да ги неутрализира несакните жолти тонови и да ја прави косата сребрено сјајнаG. Шампонот е со антиоксидативно дејство и внатрешно ја обновува косата и ја прави мека, сјајн и здрава.

Регенератор за неутрлизација на жолтите тонови 

Регенератор со антиоксидативно и хидратантно дејство . Ги неутрализира несакните жолти тонови и ја прави косата мека, мазна, лесна за одржување, здрава и сјајна

Начин на употреба

Се нанесува на влажна коса и лесно се масира, а потоа се остава да делува една до две минути. На крај треба да се исплакне убаво со многу вода. Се препорачува да се употребува еднаш неделно или почесто, но само доколку е потребно.

Производите од новата линија Chromacare System на Lorvenn Paris се достапни во сите поголеми дрогерии и парфимерии во Македонија, а можете и да го порачате и онлајн од новата интернет продавница Трговски.мк.

види повеќе »

 

Фото: Barefootblonde, Штипка

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button