Реклама
MAMAКафе муабет

Само вистинскиот маж ќе сфати дека ЕДНА жена е доволно

Реклама

Мажите кои постојано трчат по жени и истите брзо им здосадуваат, не се вистински мажи.

ФОТО: zoosk.com

Потребно е да се биде вистински човек и да се сфати дека една жена е доволна. Кога сте со вистинската личност, тогаш таа ви е доволна. Ги прифаќате, па дури и ги сакате нејзините мани и грешки. Во здрав однос, партнерите не се обидуваат да се променат еден со друг, туку растат и се развиваат заедно.

Никогаш не прекинувајте да ѝ се додворувате на вашата жена. Никогаш не престанувајте да излегувате на состаноци. Никогаш не земајте ја жената здраво за готово. Кога ја прашавте дали сака да се омажи за вас, ѝ ветивте дека ќе бидете маж кој ќе владее со нејзиното срце и ќе го штити.

Маркетинг

Заљубувајте се повторно и повторно и повторно. Постојано ќе се менувате, не сте истата личност која сте биле кога сте се венчале, и за пет години нема да бидете истата личност којашто сте денес. Промената ќе доаѓа и затоа мора секојдневно да се избирате еден со друг. Секогаш борете се да ја добиете нејзината љубов, како што тоа го правевте кога ѝ се додворувавте.

Кога е тажна или вознемирана, не е ваша работа да ја поправате, ваша работа е да ја прегрнете и да ѝ дадете до знаење дека се’ ќе биде в ред. Нека знае дека ви е важна и дека вие ѝ сте столб на кој секогаш може да се потпра. Не осудувајте ја, не бегајте кога е тажна. Останете присутни и дајте ѝ до знаење дека никогаш нема да заминете од неа. Слушајте што зборува, но читајте и меѓу редови.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button