Реклама
Портрети

Единствениот дизајнер кој отворено призна дека сака да ја облекува Меланија Трамп

Реклама

Политичката битка меѓу претседателските кандидати Хилари Клинтон и Доналд Трамп се пренесе и во светот на модата, а најголемите модни магазини застанаа на страната на Хилари.

Таа како претседателски кандидат ја доби поддршката од престижното американско издание на Vogue, но и од магазинот Supreme, како и од дизајнерите Calvin Klein, Marc Jacobs, Diane von Furstenberg, Donne Karan и многу други дизајнери и модни инсајдери. Некои отидоа дури до таму да повикаат на јавен бојкот против новоизбраниот претседател на Америка и да не соработуваат со неговата сопруга, (за што веќе ви пишувавме – види тука), додека единствен кој јавно истапи и кажа дека е на страната на Меланија е големиот Томи Хилфигер. Тој изјави дека модата не треба да се меша со политиката и како секој дизајнер би требало да биде пресреќен ако ја има таа чест да ја облекува новата прва дама на Америка.

Маркетинг

Меланија Трамп – што е во хороскоп и како изгледала пред да го сретне Доналд Трамп >>

Маркетинг

„Сметам дека Меланија е преубава, негувана жена и не гледам причина некој дизајнер да одбие да соработува со неа. Мислам дека креаторот би требало да биде горд ако му се укаже прилика да биде одговорен за нејзините комбинации. Иванка исто така е подеднакво паметна и прекрасна, иако преферира да ги носи моделите кои сама ги дизајнира. Ужасно е ако и тука дозволиме политиката да ни го крои животот и работата. Ова е мода, а таа не би требало да има било каква политичка конотација. Сите сакаа да ја облекуваат Мишел Обама, па зошто да не ја облекуваат и Меланија и Иванка. Поубави и пограциозни жени немаат зачекорено во Белата куќа, просто е милина да ги стилизирате“ изјави Томи.

Па ова е полошо од шовинизам! Дизајнерите не сакаат да ја облекуваат Меланија Трамп >>

Останатите дизајнери, кои се против Меланија, досега немаа никаква реакција на овој интересен коментар на познатиот дизајнер.

Каде може да се купи омилениот фустан на Mеланија Tрамп >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button