Само една лажица на ден од ова природно чудо – ќе ги смирите болките во ‘рбетот и ќе ги зајакнете зглобовите и коските
Овој евтин природен лек го обновува ткивото и ги смирува болките во зглобовите!

Ако ве мачат болки во зглобовите, ‘рбетот, грбот, нозете или вратот, постои едноставен и евтин природен начин кој може да ви ги олесни тегобите и да го подобри состојбата на зглобовите.
Рецептот што го препорачуваат стручњаците, а кој долго се користел во војничките кругови, се базира на обичен желатин.
Како се подготвува:
Потребно ви е 150 г желатин, со или без овошен вкус (тоа е количина доволна за третман од еден месец). Како алтернатива може да употребите и говедски желатин кој е достапен во аптеките.
Секоја вечер ставете 5 г желатин (приближно две лажички) во една четвртина чаша ладна вода.
Промешајте и оставете да отстои до утрото, желатинот ќе набабри и ќе се претвори во гел.
Утрината, на празен стомак, испијте ја оваа смеса. Можете да ја помешате со јогурт, кисело млеко, мед или овошен сок, изберете што ви одговара.
Луѓето кои редовно ја користат оваа метода забележуваат намалување на болките веќе после една недела. Препорачан тек на третман е еден месец, а по потреба може да се повтори после три месеци.
Зошто желатинот помага за зглобовите?
Желатинот е природен колаген добиен обработка на сврзно ткиво од животни (тетиви, коски, рскавица). Содржи аминокиселини пролин и хидроксипролин, кои помагаат во обновување на сврзното ткиво и малите крвни садови. Со редовна употреба на желатин може да се подобри: силата и еластичноста на зглобовите, тетивите и лигаментите, да се опорави рскавицата и да се намалат болките, одличен е за превенција на остеопороза и остеоартритис, како и за здравјето на кожата, косата и ноктите.
Се употребува и за оодобрување на метаболизмот и менталните функции и за зајакнување на срцевиот мускул.
Иако желатинот не е исто што и хидролизиран колаген, и двете содржат аминокиселини кои се клучни за здравјето на сврзното ткиво. Желатинот е всушност термички обработена форма на колаген, богат со аминокиселини како глицин, пролин и хидроксипролин, кои се важни за обновување на рскавицата и тетивите.

За дополнителен ефект и подобра апсорпција, дел од нутриционистите препорачуваат и варијанта со говедски желатин и млеко.
Во 200 мл топло, но не зовриено млеко, растворете една и пол лажичка говедски желатин. Оставете ја смесата да отстои десетина минути, потоа додадете мала лажичка мед и добро промешајте. Напивката се консумира пред спиење, а комбинацијата на калциум од млекото и аминокиселините од желатинот помага за побрзо обновување на зглобовите и коските.
Редовната употреба од најмалку три недели може да даде забележливи резултати, поголема флексибилност, помалку болка и чувство на стабилност во зглобовите.