Само една Гранд ѕвезда НЕ СЕ збогуваше од Поповиќ – фановите веднаш го осудија, но вистината боли
Кога слушнал за Поповиќ плачел и се молел за неговата душа

Голем број познати личности се збогуваа од Саша Поповиќ, креативниот директор и еден од основачите на Гранд продукција.
Поповиќ за време на својата плодоносна кариера од бројни пејачки има направено големи ѕвезди, а меѓу нив и Милан Станковиќ.
Но Милан беше единствениот што не се збогуваше од Поповиќ, иако воедно е и една од најголемите ѕвезди што се прославиле благодарение на Поповиќ и неговото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
За нивниот однос со години се зборуваше, а Поповиќ дури пред година дена јавно откри зошто и како се разделиле.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
Како што откри тогаш Поповиќ, Милан самиот решил да го прекине договорот со „Гранд“ по учеството на Евровизија 2010 година.
И додека многумина се сомневаа дека од овие причини Милан досега не се огласил и не изразил сочувство до семејството, сега медиумите ја открија вистината зошто е тоа така и што се случува.
Инстаграм/ Милан Станковиќ
Имено, Милан веќе некое време е во манастирот Хиландар во Света Гора каде тој ја дочекал тажната вест за Поповиќ.
Тој заминал во манастирот за да може во тишина и молитва да го помине почетокот на велигденскиот пост, но и да не бил во манастирот, како што пренесува извор од манастирот за српскиот „Курир“, Милан тешко дека ќе дошол на погребот бидејќи ги избегнува медиумите со години.
Инстаграм/ Милан Станковиќ
„Него смртта на Поповиќ го растажи многу, а во еден момент и заплака. Милан веднаш почнал да се моли за покајание на неговата душа, а во негово име го запишал и во помјаник, па братството на манастирот ќе го чита и спомнува во литургиите и помените во манастирот“, изјави овој извор за Курир.
И како што вели понатаму во своето обраќање овој извор за српскиот „Курир“, Милан и за време на болеста на Поповиќ се молел за него, но и за неговото семејство. Тој знаел низ какви тешки моменти поминуваат бидејќи и тој поминувал низ слична ситуација со неговата мајка.
Но според овој извор од Света Гора, Милан е убеден дека е најдобро да се моли за душата на Поповиќ, отколку да се огласува, а многумина го осудија иако речиси никој од нив не ја знаеше вистината.
Потсетуваме, Милан Станковиќ е една од најголемите Гранд ѕвезди кои се прославија во ова шоу, но тој уште пред да му истече договорот со продукцијата, го раскина истиот и за тоа плаќаше пенали.
Принтскрин/ Јутуб, Ѕвездите на Гранд
И како што објасни Поповиќ во една пригода, тој никогаш не дознал зошто Милан решил да го раскине договорот.
„Кога на некој ќе му дадете таква популарност низ ‘Ѕвездите на Гранд’, како што ние му ја дадовме нему, кога ќе му дадете комплетен албум со 8 песни, огромна реклама, можност да оди на Евровизија… Тоа Гранд му го овозможи, бидејќи Жика и јас разговаравме со Бреговиќ тој да биде еден од трите песни што Бреговиќ ги правеше. Знаевме дека тој и по СМС ќе победи. И кога сето тоа ќе му го дадете и кога ќе му подготвите нов албум, кој во тоа време, пред 13 години, требаше да чини околу 100.000 евра, тогаш навистина не разбирам што беше во неговата глава што го предомисли и зошто донесе одлука да го раскине договорот“, откри Поповиќ во една пригода за српскиот портал „Блиц“.
Повеќе за ова прочитајте тука…