Дом и семејствоРецепти

Само една чаша од овој евтин прелив и питата, погачата, кифличките ќе ви бидат илјада пати повкусни, посочни, помеки – трик на старите домаќинки

Ова е мал трик што го знаат само најискусните пекари.

Advertisement

За совршена пита, кифлички, погача, крцкава однадвор, а мека и сочна одвнатре, не ви требаат скапи состојки, туку еден едноставен прелив кој го користат и професионалците.

Станува збор за проверена комбинација од кисела (минерална) вода и масло.

Advertisement

Овој прелив се додава непосредно пред печење и токму тогаш се случува магијата: минералната вода, благодарение на меурчињата јаглероден диоксид, ѝ дава на питата воздушеста структура и мекост, додека маслото создава златна, крцкава коричка. Заборавете на сува и тврда пита со овој едноставен трик секогаш ќе ви излегува совршена, без многу труд.

принтскрин јутјуб

Зошто овој прелив функционира толку добро?

Многумина се прашуваат како пекарите успеваат да го постигнат совршениот баланс помеѓу мекост и крцкавост. Тајната не е во некоја тајна состојка, туку во мала „кулинарска наука“. Газираната вода, полна со меурчиња, при печење испарува и создава пареа во тестото. Таа пареа ги подигнува слоевите и им дава нежност и воздушестост. Маслото, пак, поради високата точка на вриење, ја пржи површината и ја создава онаа неодолива, златна боја. Едноставно, но генијално!

Точна мерка за совршен резултат

Иако рецептот е многу едноставен, важна е прецизноста. За една стандардна пита, или за тепсија кифлички, потребни се:

анплаш

една децилитар кисела вода и половина децилитар масло.

Состојките се мешаат во чаша и се преливаат рамномерно преку питата пред печење.

Ако сакате побогат вкус, наместо масло може да користите растопен путер или маст, резултатот ќе биде уште посочен и миризлив.

Мали тајни за совршенство

Во преливот можете да додадете малку сол и прстофат прашок за печиво, тоа ќе помогне тестотот да се подигне повеќе и да биде уште помеко. Печете прво на 220 степени околу 10-15 минути, потоа намалете на 180-200 степени Целзиусови до крајот на печењето. Така коричката брзо ќе се зацврсти и ќе добие боја, додека внатрешноста ќе остане сочна. Кога ќе ја извадите, оставете ја да одмори десетина минути пред сечење, за слоевите убаво да се стабилизираат и питата да не се распаѓа.

Со овој мал, но вреден трик, вашата домашна пита/кифлички/погача ќе мириса стопати поинтензивно, ќе изгледа многу поубаво и ќе има вкус како од најдобрите пекари, а можеби дури и уште подобро.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button