Во деновите на пост исто така најдобро е да се избегнуваат и рафинирани житарки, како тестенини, но и ориз и компир.
Тања Емонс
Оваа диета е многу популарна и кај мажите, така што е идеална за парови кои заеднички се трудат да ослабат.
Изгубила цели 35 килограми за само една година
Taња Емонс (42) е мајка на 2 деца која имала випок килограми и мислела дека до крајот на животот ќе остане така. Но, при крајот на 2012 слушнала за диетата со пост и решила да ја проба. Постела еден ден и се изненадила колку е лесно и едноставно. По два дена, повторно направила еден ден на пост, односно на само 500 калории. Воопшто не се чувствувала уморно и немала никакви проблеми да го помине денот. Деновите на пост и помогнале да јаде помалку и во останатите 5 дена, кога е дозволено да се јаде се. Набргу килограмите почнале да се топат, се чувствувала полна со енергија, така што почнала по малку и да вежба, па се запишала и на пилатес. Успеала да изгуби цели 35 килограми за една година, и понатаму го држи постот 2 дена во неделата.
Совет: ако немате време да готвите на посниот ден, обидете се да јадете повеќе зеленчук, а избегнувајте компир и ориз. Побарајте готови готвени јадења од зеленчук и внимавајте на количината. Морате да ги пресметате калориите и да не ја надминете границата од 500.
Оваа диета не се препорачува на лица помлади од 18 години, на трудници и доилки, како и на лица со пореметувања во исхраната.
Извор: Doznajemo.com