Реклама
Култура[тор]

Сам против сите ( ’98)

Реклама

Сценарио и Режија: Gaspar Noe
Улоги: Phillipe Nahon, Blandine Lenoir, Frankye Pain, Martine Audrain

Маркетинг

Првиот филм на контроверзниот Французин, Gaspar Noe„Сам Против Сите“, е силен атак на традиционалните и општествено прифатените норми. Уште во првите кадри и со првите реплики авторот ни кажува дека етиката за обичниот и напатен човек не é и не може да биде иста како и за останатите. „Морал! Што е тоа?! Нешто што го имаат богатите, а сиромашниот секогаш завршува издупен од тоа!“ – вели Noe.

alt

Маркетинг

Приказната е за еден месар, нихилист и скоро целата е прераскажана преку неговиот внатрешен монолог. Во првите помалку од пет минути, тој ни дава краток, но концизен опис на неговиот дотогашен живот, во кој уште како дете е оставен сам на себе, покасно и жената и ќерката го оставаат, а во меѓувреме станува касап и поминува неколку години во затвор. Сега, оставен и изневерен од сите, го мрази буквално цел свет и секој во него. Но сепак решава да почне нов живот, да го избрише минатото и на тој начин барем делумно да се вклопи во општеството, ако треба и на сила. Но работите ретко или никогаш не излегуваат како што треба за човек кој е тотален аутсајдер и општествен ренегат. Така неговите и онака кревки планови се рушат и тој пак останува сосема сам и се оддава на сурова анализа на себе и целиот свет. „Ние сме родени сами, живееме сами и умираме сами. Дури и кога се е..ме, повторно сме сами. Засекогаш сами!“ – се дел од неговите размислувања, кои само ја зголемуваат психозата и болеста по смрт. Во последните дваесетина минути од филмот, тој се соочува со неговата малолетна и нема ќерка, односно со самиот себе и своите чувства кон нејзе. Токму во овој дел, Gaspar Noe ни кажува дека етичките вредности не се универзални и исти за секој човек. Ваквиот став најверојатно ќе се судри со сфаќањето на грото од луѓето, но сепак меѓу нас постојат поединци кои не се како останатите.

alt

„Дури откако ќе загубите сé, ќе го најдете патот назад!“  Месарот својот пат назад го наоѓа во и преку својата ќерка. Се двоуми дали тоа може да го оствари убивајќи ја, или делејќи ја со нејзе и тоа малку љубов што останало во него. Сепак, големата ништост не ни бега на никој од нас, па така можеби е подобро да пробаме да ја најдеме среќата во нас, односно во оние малку ствари што не прават задоволни од себе, во големата тегобност, наречена живот.

Токму така, во животот на човекот уморен од живеење, личната среќа и хармонија се многу поважни, од колку генералните морални принципи. Како што вели месарот: „Без разлика дали ние ќе го сториме тоа, човештвото нема да се промени. Но за мене и тебе, тоа ќе значи тотална промена. Луѓето мислат дека се слободни, но слободата не постои. Само закони кои незнаени луѓе ги направиле, за да се заштитат себе си и да ме заклучат мене, со мојата тага.“ Ваквиот став и размислување, дефинитивно ќе бидат експлицитен удар за повеќето (филмофили), но човек пред сé треба да го одржи својот ум отворен и да разбере дека сепак секоја личност заслужува барем малку лична среќа.

alt

Со овој филм Gaspar Noe се претстави во официјалната конкуренција во Cannes ‘98 и веднаш го привлече вниманието на себе. Филмот го има снимано двеипол години – постојано била одложувана неговата крајна реализација заради финансиски проблеми. Тој е комплетен автор и се јавува како сценарист, режисер, продуцент и монтажер. Голема заслуга за реализацијата на ова дело имаат и неговите пријатели и ментори, големите Jacques Audiard, Dario Argento, Nicolas Burkhief. Контроверзиите и друштвено неприфатливите игри, сигурно ќе влијаат и на вас, на еден или друг начин, но тоа само ќе (ви) ја потврди вредноста на еден од најдобрите филмови од крајот на 90 – тите.  

{youtube}a2LrPPzQhkM{/youtube}

altПрочитај ги сите наши филмови!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button