Со помош на оваа салата дојдете до прекрасна трпеза!
Сезоната на свечените слави веќе започна и е вистински момент да научите како да ја декорирате салатата брзо и лесно, а притоа да изгледа како да ја аранжирал професионалец.
Фефероните исечкајте ги „на косо“. краставицата по должина и благо зарежете ја на неколку места, така што ќе извлечете лентички (за појасно погледнете го видеото во продолжение), па тенко исечете ги, исто така на косо.
Листовите краставици наредете ги по краевите на кружната чинија. Доматите пресечете ги на половина, па секоја половина на неколку тенки парчиња, па редете околу краставиците, со мали празнини.
Потоа, помеѓу секое парче домат ставете парче феферони, а над секоја феферона ситна шери домата. Па, вашата салата е готова, а вие подгответе се за комплименти!