Ако се ближи вашата слава и се мислите што да подготвите за вашата посна трпеза, тогаш оваа салата е вистинскиот избор за вас. Брза е, евтина, а и многу вкусна! Вреди да ја испробате и да ги докажете вашите вештини пред вашите гости.
ФОТО: bettycrocker.com
Потребни состојки:
1 килограм компир
2 големи конзерви туна во парчиња
1 праз
10 кисели краставички
300 грама посен мајонез
Сол и бибер по желба
Начин на подготовка: Измијте го и сварете го компирот без да го лупите. Потоа излупете го и исечкајте го на коцкички. Празот исечкајте го на кругчиња, малку посолете, па оставете го кратко да отстои дури пушти малку сок. Пред да го измешате со останатите состојки, добро исцедете го. Краставичките исечкајте ги на ситни коцки. Сите состојки соединете ги, па додавајте малку по малку мајонез. На крајот посолете по вкус, наросете малку црн пипер и се добро измешајте.
Advertisement
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .