Ова е најубавото ладно предјадење кое можете да го направите за вашите најмили…
Потребни состојки за салата:
- 1,2 килограми излупени компири
- 6 ситно исечкани кисели краставички
- 1 главичка ситно исечкан кромид
- 1/4 лажичка кари
- 8 крупно сечени варени јајца
Потребни состојки за домашен мајонез:
- 1 жолчка
- 1,5 чаша зејтин
- 1 лажичка оцет помешана со 150 милилитри топла вода
- Сол и бибер по вкус
Начин на подготовка: За мајонезот измешајте ја жолчката со една лажичка масло и оцет со вода. Мешајте непрекинато, но состојките додавајте ги постепено, никако сите одеднаш. На крајот зачинете со сол и бибер. Компирот варете го околу 20 минути и оставете го да се олади. Додајте кисели краставички, кромид и кари, а потоа и мајонезот. Добро промешајте и оставете да отстои во фрижидер барем еден час.
Пријатен апетит!
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .