Сакате косата да ви расте побрзо? Дознајте како!
Сакате косата да ви порасне до посакуваната должина?
Сакате косата да ви порасне до посакуваната должина? Во продолжение следуваат проверени совети кои ќе ви бидат од голема корист. Верувале или не, ова бјути прашање се наоѓа на број 2 на топ листата на најпопуларни прашања поставувани на Гугл. Меѓутоа, нажалост, колку интензивно да пребарувате, одговорот сепак не е толку едноставен. Секако, не постои магична напивка со која ќе го забразате растот на косата. Да би постоел, сите би го знаеле, а оној кој би го измислил би бил најбогат човек на планетата во бјути индустријата. Чешлањето нема да ви помогне, без разлика колку пати ќе го правите тоа.
Се прашувате што можете да направите? Често посетувајте фризер (за потстрижување), пронајдете добар шампон и регенератор, а еднаш неделно нанесете маска. Исто така важен фактор е и четката која ја користите. Плоснатата четка нека биде вашата најдобра опција за расчешлување, зашто таа одговара на повеќе типови коса, особено за подолга и брановидна.