LIFESTYLEПрепораки

Сакате да ја видите насмевката на лицата од ваште деца? Еве каде да ги однесете…

Advertisement

Ако на нашиот предлог за тоа како да ја видите насмевката на лицата од вашите деца помисливте дека ќе ви кажеме да ги однесете во Дизнилед, грешите. Бидејќи тоа е логичнодека ќе ги направи среќни децата, но чини мног и н е логично бидејќи не секој може да си го дозволи. Ние даваме реални предлози за „ич пари“!

Книжевниот „Дизнилед“ пристигнува за неколку дена во Скопје. „Саемот на книга“ ќе се одржи по 37. пат од 8 до 14 мај 2025 година во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје.

Advertisement

Од бројните понуди еве што ни привлече многу внимание и посебно го селектиравме делот наменет за малите дечиња. Па овие денови имате избор на кој начин да ги израдувате вашите најмили.

фото:Пиксел

Издавачката куќа „Арс Ламина“ ја збогатува домашната книжевна сцена со повеќе од 100 нови изданија и нуди богата програма со средби со автори, инспиративни настани и креативни работилници за деца. Книгите на  ќе бидат достапни за сите граѓани преку попусти до 80 %, како и со специјални понуди на книги за 50, 100 или 200 денари.

Програмата на штандот „Арс Ламина“  почнува на 9 мај (петок) во 10 часот со работилницата за деца од предучилишна возраст „Мали умни глави“, по што следува интерактивен настан за ученици од основните училишта, инспириран од книгата „Се викам Храброст“. На инспиративната средба со почеток во 11 часот ќе присуствуваат и дел од жените – хероини застапени во книгата.

Advertisement

На 10 мај (сабота), во 11 часот, ќе се одржи работилница за деца инспирирана од омилените книжевни серијали за Исидора Мун и Мирабела од Хариет Мункастер.

 

Во 12 часот следува средба со популарниот автор Зоран Спасов Ѕоф, кој ќе го потпишува својот нов роман „И јас сум Сирма“.

В недела (11 мај) следува богат и разновиден книжевен ден. Во 11 часот, ќе се одржи интерактивниот настан за фанови – „Платформа 9¾: Волшебно патување со Хари Потер“ на кој ќе има квиз на знаење, креативна работилница и дружење со ликовите од серијалот на Џ. К. Роулинг.

 

Еве . убав настан и за мама и тато, а  на истиот штанд. Со почеток во 16 часот ќе се одржи книжевно-музички настан во чест на роденденот на славниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ. Ќе се потсетиме на неговото богато творештво преку биографската книга „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, а специјален музички избор од неговата дискографија ќе подготви познатиот новинар и диџеј Драган Б. Костиќ.

Во 18 часот е закажана дружба со фудбалската легенда Дарко Панчев и авторот и спортски новинар Зоран Михајлов, кои ќе ја потпишуваат авторизираната биографија „Дарко Панчев“.

На 12 мај (понеделник), во 10 часот, ќе се одржи работилница за деца инспирирана од списанието за предучилишна возраст „Ѕвезди“, а во 11 часот – работилница за ученици поттикната од списанијата „Прв детски клик“ и „Детски клик“.

Во 12 часот следува средба со писателот Александар Русјаков, инспирирана од неговата прва книга за деца „Девојчето и куклата што патува“, на која ќе се изработуваат разгледници.

На 13 мај (вторник), програмата почнува со работилница за најмладите инспирирана од книгата „Нови бајки од Македонија“, на која децата ќе ги цртаат омилените ликови од бајките. Во 11 часот, авторката и политиколог Илина Мангова ќе одржи работилница инспирирана од книгата „Градоначалник“, дел од серијалот „Големи зборови за мали уши“. Децата ќе научат како се избира градоначалник или претседател на класот.

Во 12 часот ќе се одржи уште еден креативен настан за деца: „Волшебна уметност со налепници и боенки“.

Последниот саемски ден – 14 мај (среда), ќе биде заокружен со уште една детска работилница: „Принцези и суперхерои“, инспирирана од новите сликовници со налепници-тетоважи.

Се надеваме дека со овој наш предлог ќе ви помогнеме како да си го пополните убаво, корисно и забавно вашето слободно време поминато со семејството.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button