CelebrityНовости

„Сакам сето зло да ви се врати!“ — Карлеуша бесна, еве кому му се обрати со овие зборови

Advertisement

Пејачката Јелена Карлеуша е активна на социјалните мрежи, каде што ги информира своите фанови за сите новости од приватниот, но и од професионалниот живот.

Преку Фејсбук, Јелена Карлеуша сподели видео во кое во живо ја изведува една од нејзините најубави балади — „Кој ја режира оваа драма“, а при тоа откри со што се соочува.

Advertisement

– КОЈ ЈА РЕЖИРА ОВАА ДРАМА… Последниов еден час го поминав бришејќи ги најужасните коментари полни со омраза, зло и психопатски изливи на бес под моите објави овде на Фејсбук. Оваа количина на омраза кон некој што пее, кој никому не направил зло, кој во својот живот само добро правел за сите – ме остави без зборови – напиша Јелена Карлеуша, па додаде:

– Толкава желба да ме повредите, толкав труд за да се покаже сè најлошо што може да излезе од едно човечко суштество – исплива кај многумина од вас. Нека ви прости Универзумот за секој болен, зол збор… а јас ви го посакувам сето зло, некогаш, да ви се врати – им порача Јелена Карлеуша на своите хејтери, а потоа им се обрати и на луѓето кои ја сакаат и ја поддржуваат дури и во најтешките моменти.

– Секако, љубов за моите верни фанови… ќе помине и ова зло – напиша пејачката во својата објава на Фејсбук.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button