Сака да ги извади силиконите во градите, па сега задникот ѝ е во фокус – Сузана Гавазова си ги почести обожавателите со секси слика! (Фото)

Сузана Гавазова повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи, откако на Инстаграм објави фотографија која во само неколку минути предизвика низа реакции. Иако важи за една од пејачките кои не се плашат да експериментираат со провокативни стајлинзи, овојпат избра многу поедноставна комбинација, но ефектот остана ист.
На снимката што ја сподели, Гавазова позира во фармерки, а кадарот е фокусиран токму на позадината. Наместо мини фустан или впечатливо деколте, како што често прави, пејачката се појави во опуштен, секојдневен стил. Притоа, како музичка позадина ја ставила „Словенска“ од Ѓорѓе Балашевиќ – што дополнително го привлече вниманието на нејзините следбеници.
Фотографијата е направена на видиковец во странство, со прекрасна панорама во позадина, но Сузана не откри во кој град се наоѓа.

Неодамна, пејачката повторно се најде во центарот на јавноста поради искрената изјава дека размислува да ги извади силиконите, кои пред години ги ставила. Во гостување во поткастот „Естраден лексикон“, Гавазова без задршка призна:
„Сега зашто ги носам, па ме боли малку грбот. Мислам во иднина да ги извадам силиконите и да си бидам природна“, изјави таа.



