Огласи
Вести

Сѐ уште немате лектор? Именувана е директорка на Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик

Владата на РС Македонија, ја именуваше Менче Андреева за директор на Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик.Согласно член 9 од Законот за употреба на македонскиот јазик, во органите од членот 6 став (1) од овој закон, задолжително се вработуваат лектори по македонски јазик.

advertisement
advert

Владата на РС Македонија, ја именуваше Менче Андреева за директор на Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик. Велешанката Андреева е долгогодишен професор по македонски јазик, советник во Советот на Општина Велес.

Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик ќе врши надзор над примената на Законот за употреба на македонскиот јазик („Службен весник на РСМ“ бр.21/24 и 15/25) и на прописите донесени врз основа на овој закон. Потсетуваме, новиот Закон за употреба на македонскиот јазик, кој го замени Законот од 1998 година, беше изгласан од 96 присутни пратеници во јануари 2024 година.

Со Законот се уредуваат употребата на македонскиот јазик, утврден со Уставот на Република Северна Македонија како службен јазик на целата територија на Република Северна Македонија и во меѓународните односи, основањето на Советот за македонски јазик и неговите надлежности, условите и постапката за полагање на испитот за добивање лекторска лиценца, основањето на Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик и неговите надлежности, надзорот над спроведувањето на овој закон и други прашања од значење за употребата на македонскиот јазик. Употребата на македонскиот јазик како службен јазик е право и должност на граѓаните на Република Северна Македонија.

реклама

Согласно член 6 од Законот за употребата на македонскиот јазик („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.21/24), македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо задолжително се употребуваат во работата на органите на законодавната, на извршната и на судската власт, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во други држави и во меѓународни организации, во органите на единиците на локалната самоуправа, во јавните установи и институции, во другите правни лица основани со Устав и со закон и во медиумите регистрирани во Републиката, во согласност со закон.

Согласно член 9 од Законот, во органите од членот 6 став (1) од овој закон, задолжително се вработуваат лектори по македонски јазик.

Марpкетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button