Новости

Сѐ му простив – почина таткото на Марија Шерифовиќ, пејачката со емотивна разделба

Почина таткото на Марија Шерифовиќ, славниот музичар Рајко Шерифовиќ.

Advertisement

Познатиот српски музичар и татко на пејачката Марија Шерифовиќ, Рајко Шерифовиќ, почина денеска во болница во Крагуевац по кратко и тешко боледување, пренесуваат српските медиуми.

Рајко, кој беше омилен меѓу колегите и публиката, последен пат се појави во јавноста во март годинава, на концертот на својата ќерка Марија.

Advertisement

Таа не ја криеше гордоста што родителите ѝ се во публиката и тогаш емотивно му се обрати со зборовите: „Рајко, легендо“.

Роден и израснат во Крагуевац, Шерифовиќ целиот свој живот го посвети на музиката. Беше познат како талентиран тапанар и член на бенд, а неговата љубов кон музиката останала силна до последниот ден.

Во 1982 година се оженил со познатата пејачка Верица Шерифовиќ, со која ја има ќерката Марија. Бракот траел дваесет години, а по разводот во 2003 година, Рајко повторно стапил во брак и од таа врска го добил синот Даниел Павловиќ.

Музичарот пред две години доживеал мозочен удар и поминал осум месеци во болница, но со голема волја и поддршка од најблиските успеал делумно да закрепне. Сепак, здравствените проблеми повторно се вратиле.

Во едно интервју, Марија зборуваше со голема емотивност за својот татко и за односот што го имале:
„Се видовме во Крагуевац. Ми рече: ‘Што и да сум направил погрешно, едно знам, со тебе направив нешто исправно.’ Тоа беше негов начин да ми каже дека е горд на мене. Имавме искрен однос и му простив сè“, изјави таа.

И Верица Шерифовиќ неодамна се потсети на нивниот заеднички живот:

„Имав само осумнаесет години кога се венчавме во Инѓија, во сабота наутро, а вечерта настапувавме на бина. Тоа беше брак полн со музика, радост и убави спомени. Од неговите родители научив многу, и двајцата беа професионални музичари. Секое утро ме будеше звукот на хармоника и мирис на кафе“, раскажа Верица.

По разводот во 2003 година, таа повторно се омажи за музичарот Миќа Николиќ, тогашен сопственик на издавачката куќа „Мега саунд“, каде што работеле бројни познати пејачи, меѓу кои и покојниот Шабан Шаулиќ.

Марија, на својот инстаграм-профил за сподели веста за смртта на татко ѝ.

принтскрин инстаграм

„Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ сака такви и дека те чека некоја рајска градина. Чувај не таму каде што си сега. Твојот шампион“, напиша Марија.

Смртта на Рајко Шерифовиќ ја растажи целата музичка сцена во Србија и во регионот. Колегите и пријателите го паметат како човек со големо срце, неисцрпна енергија и љубов кон музиката.

Таткото на Марија Шерифовиќ почина во родниот Крагуевац, оставајќи зад себе две деца и богато музичко наследство кое ќе остане дел од балканската сцена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button