Русокосата убавица се соблече на плажа во Италија – Органџиева и на 41 години има тело на Божица
Не се знае од која страна изгледа поубаво

Нејзините провокативни изданија привлекуваат внимание
Познатата инфлуенсерка Агнеса Органџиева уште еднаш ги воодушеви своите бројни следбеници на социјалните мрежи.
Но овој пат, во своето најново издание, оваа русокоса убавица позираше во својот омилен костим за капење.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Станува збор за дводелен модел во сина боја кој совршено стоеше на нејзиното исончано тело и во комбинација со мократа руса коса.
Органџиева позираше испружена на самата песочна плажа, но и покрај тоа што беше во морето во фокусот беа нејзините облини.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Таа сподели и неколку фотки од местото во Италија во кое што престојува, но и едно нејзино летно издание.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Облечена во тесен фустан со црно-бели риги Агнеса и со ова издание привлече внимание и никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Го „запали“ Инстаграм и пред само неколку дена
Познатата инфлуенсерка и пред само неколку дена предизвика бројни реакции со уште едно свое провокативно издание.
Агнеса тогаш позираше во занесно издание во ходникот од една зграда во Скопје, облечена во претесен фустан, така што нејзиното тело повторно беше во центарот на вниманието.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Таа мамеше воздишки и со ова издание, истакнувајќи ги своите облини и линии на еден неодолив начин.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фустанот што го носеше беше толку тесен што ја поттикнуваше фантазијата, а Агнеса го носеше со шик високи потпетици.
Со други зборови, доколку некого сакате да освоите, искористете како инспирација некоја од нејзините комбинации.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Оваа дама едноставно не знае да згреши…