Научниците докажаа дека верник додека се моли потполно ја исклучува мозочната кора, а тоа значи дека потполна сигурност и отсуство на стрес.
По дефиниција, молитвата е облик на обраќање кон Бога, воспоставување на врска со Богот или со нешто божествено, односно со божицата, богот или боговите. Православните и католиците обично се молат и на светците, на Марија и на ангелите чувари.
Руските научници од Ст. Петерсбуршкиот универзитет неодамна и материјално докажаа дека чудесната излекувања поврзани со духовноста се вистините т.е открија дека многу телесни и духовни промени настануваат додека еден човек се наоѓа во момент на молитва или некој друг верски обред.
Научниците докажаа дека верниците кога се во молитва потполно ја исклучуваат мозочната кора, а тоа значи потполна сигурност и отсуство од стрес.
Молитва како лек од негативното размислување
Професорот Слезин успеа и да ја измери моќта на молитвата т.е. востанови дека монасите кои се молат потполно ја исклучуваат мозочната кора што е забележано само кај децата до три месеци кои се сигурни во близина на своите мајки. Како луѓето растат, чувството за сигурност се намалува се повеќе, а за зголемуваат мозочните активности. Овие активности се намалуваат единствено за време на длабок сон или молитва, а тоа влијае добро на луѓето.
Молитвата е силен лек и не само што ги регулира сите процеси во човечкиот организам, туку и ја обновува уништената структура на свеста, вели Валери Слезин, директорот на Лабораторијата за неуропсихофизологија на Институтот за истражување и развој на психонеурологија во Ст. Петерсбург.
Повеќето болести се предизвикани од негативни ситуации и умно потенцирани проблеми за време на молитвата се повлекуваат па дури и исчезнуваат. Научниците докажаа дека по миса и другите верски обреди крвниот притисок се нормализира како и другите вредности кои се измерени во крвта.
Па, кога последен пат сте биле во црква, џамиjа или во некој друг верски објект? Еве ви уште една зошто треба да го направите тоа за празниците.