Почина рускиот тинејџер што ја спаси својата мајка од манијак
Почина тинејџерот од Русија, кој ја спаси својата мајка од силувач, 19 месеци откако човекот кој сакаше да ја силува неговата мајка го удри со тег во главата и му го скрши черепот, јавува Скај Њуз.
Вања Крапивин добро закрепнуваше и 19 месеци се бореше лавовски, иако заради нападот, го изгуби поголемиот дел од предниот дел на черепот. Но пред два месеци тој се разболи од грип и почина во вторникот.
Мајката беше целата во крв
Непосредно пред да се случи грозоморниот настан, 16-годишното момче од градот Северодвинска се врати дома од училиште и го најде својот сосед како се обидува да ја силува неговата мајка, Наталија Крапивин.
Неговата мајка беше целата крвава и безуспешно се бореше со напаѓачот, така што тинејџерот земал тег од 3 килограми во рацете и со него го удрил соседот.
37-годишниот Роман Пронин брзо закрепнал од ударот, го фатил истиот тег и со него му ја скрши главата на момчето. Потоа избегал затоа што мислел дека момчето и неговата мајка се мртви. Соседите што ги слушнале викотниците дошле во нивниот дом и ги најшле како лежат во локва крв. Тие беа во несвест, но се уште живи.
Детето беше во кома девет месеци по овој ужасен настан. Хирурзите за да го спасат мораа да го отстранат дел од неговиот мозок и череп. Иако беше прободена 27 пати, неговата мајка успеа да оздрави.
Во болницата го посети само неколку пати
Една година по нападот, храброто момче почна полека да доаѓа при свест и да се опорава, но во октомври фати грип и два месеци подоцна почина. Руската јавност и медиумите ја критикуваа мајката на момчето, бидејќи само неколку пати доаѓала да го посети во болницата.
Таа изјави дека не можела да собере храброст за посетите, бидејќи се обвинува себеси за сè што му се случило.
Нивниот сосед Роман Пронин беше осуден за убиството претходно, а Наталија Крапивина и претходно барала помош од полицијата да ја заштити, бидејќи се плашела од него.