Реклама
Интервју

Руралната жена е столбот на нашето општество – интервју со воспитувачката Лејла од Конче која фотографира

Утре (10 март) ќе се случи нејизната самостојна изложба на фотографии насловена „Рурална жена низ објективот”. 

Реклама

По повод Денот на жената – 8 Март, оваа недела се одржуваат низа активности, настани…  Жените се вечна иснпирација во уметноста, но кога жената е иснпирирана од жена за некое дело се чини пораката која се испраќа со тоа дело има посебна моќ.

Лејла Куртов е фотограф, но по вокација педагог.  Веќе четири години работи како воспитувач во детската градинка „12 Јули” во Општина Конче. Инспирирана од секојдневието кога оди на работа и ги гледа жените во селото како работат на нива, таа направила фотографии од руралната жена.

Утре (10 март) во Домот на културата – општина Конче, ќе се случи нејизната самостојна изложба на фотографии насловена „Рурална жена низ објективот”.  По тој повод направивме интервју со неа.

Маркетинг

Како и кога започнавте да се занимавате со фотографија ?

Фотографијата ја сакам од мали нозе, чичко ми ја сакаше исто така фотографијата и кога бев мала ми подари книга која беше на српски јазик „Камера у руци аматера” во која имаше практични совети за почетници па така кога имав околу 13 години почнав да фотографирам најчесто природа . И така се до денес фотографијата ми е една од омилените работи и буквално секогаш и секаде сум таа со апаратот во раце, a многу слабо го има мојот лик на фотографиите.

Маркетинг

Од каде дојде до идејата за изложбата „Рурална жена низ објективот” ?

Идејата ја добив пред едно година дена кога шетав низ Конче со својот фото апарат.

Eдна од жените која ја фотографирав за изожбата ме замоли да ја фотографирам заедно со своите другарки како сукаат кори, тука во нашата општина тоа е традиционално јадење и многу често може да ги видите жените како сукаат кори на убавите сончеви денови.

Вечерта кога ги разгледував фотографиите добив идеја и сметам дека фотографијата е момент кој пренесува значајна порака. Па така решив оваа изложба да биде посветена на секоја рурална жена во нашата држава .

Со кои предизвици се соочивте кога се преселивте од град во село?

Мислам дека е многу потешко да се навикнеш на рурална отколу градска средина. Првите 3 месеци беа многу тешки бидејќи моето цело семејство е во Скопје, а тука бев сама. Но сепак мене тука ме донесе љубовта, мојот споруг, неговото семејство и пријателите ми беа од голема подршка и брзо се навикнав. Сега веќе себеси се сметам за „скопска Конечанка” дури многу често пријателите од Скопје ми велат дека зборувам на конечки дијалект и на нив тоа им делува интересно. Постојано сум на релација Скопје – Конче такашто се е можно кога се сака, мислам дека не е битно каде си туку со кого си.

По што се разликува руралната средина од градската ?

Јас до своите 22 години немав претстава како изгледа руралниот живот. Секако и градската и руралната средина имаат свои предности и слбаости но сметам дека во денешно време многу поголема предност е да живееш во рурална средина со чист воздух, многу природа, животот е многу по релаксиран и едноставен, додека градот пак од друга страна нуди поголеми можности за успех на професионален план.

Но за мене ни тоа не претставува проблем кога сакам и кога имам потреба одам каде ќе посакам но сепак сакам да си се вратам дома на крајот од денот.

Која беше визијата и целта на вашата изложба ?

Мојата визија за оваа изложба на која што се претставени 19 фотографии и 17 животни приказни е да го скршиме стереотипот за руралната жена во нашето општество. Додека живеев во Скопје немав никаква претстава што точно работи руралната жена и со какви предизвици се бори секојдневно. Откако дојдов тука започнав да ја истражувам нивната улога и многу ми е драго што добив појасна и погласна слика за руралната жена.

Руралната жена е столбот на нашето општество кој ја негува традицијата, културата а од друга страна таа може да биде и урбана жена која може да приднесе и на економски, социјален и културен развој.

Дали изложбата ќе има промоција во другите градови ?

Да секако, мојата идеја беше најпрво да биде во нашата општина бидејќи до сега тука немало ваков вид на изложба ниту пак некој настан со кој ќе може да се подгине свеста за тоа колкава значајна улога има руралната жена, а во скоро време планирам да направам промоција на оваа изложба во Скопје во мојот роден град .

Кои се следни планови ?

Како што реков во нареден период планирам оваа изложба да ја однесам и во Скопје и во другите градови во Македонија и секако ова е само почеток имам големи амбиции и планови особено кога станува збор за подигање на свеста за значењето на руралната жена во нашето општество, но сега за сега не можам да ги откривам .

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button