Руменилото ве разубавува и ги прикрива недостатоците
Искусните шминкери знаат дека еден потег со руменилото може да направи чуда, да ги прикрие недостатоците и да ви даде свеж и поздрав изглед.
Искусните шминкери знаат дека еден потег со руменилото може да направи чуда, да ги прикрие недостатоците и да ви даде свеж и поздрав изглед. Но, тоа не е сѐ. Ако сакате да постигнете потопол изглед, освен на јаболкниците, ставете малку руменило и на челото. Ако имате нагласен подбрадок, нанесете руменило и на вашата рада. За да го прикриете црвенилото, акните, па дури и лузните, додајте малку руменило во вашиот коректор.
Баш како што одредени нијанси на сенки можете да ги употребите како руменило, истото важи и во обратна ситуација. Руменилото подолго време се задржува на кожата за разлика од другите производи, па така на вашите капаци ќе трае целиот ден. Бидејќи најчесто се наоѓа во нијанси кои одговараат на бојата на вашите усни, помешајте го о вазелин и ќе добиете одлична замена за сјај во боја.
Ако после сончањето на телото ви останат траги од костумот за капење, тогаш со голема четка нанесете повеќе слоеви руменило на неисончаните делови на кожата.
На ист начин може да ги прикривате и стриите!
Совет плус:
Ако сакате визуелно да ги зголемите градите, само додајте малку руменило на вашето деколте!