Погледнете како Роузи го носи најпознатиот модел за оваа сезона

Познатата манекенка и актерка Роузи Хантингтон-Вајтли со едно од своите последни изданија се надмина себеси.

Овој пат во прашање е одлична комбинација со која познатата 30 годишна манекенка се појави на модната недела во Њујорк. Наместо класичен капут каков што очекувавме од неа да носи, таа се појави во тиркизен „teddy“ капут од „Burberry“ кој беше клучно парче во нејзиното неодоливо зимско издание.

ADVERTISEMENT

Познатата манекенка и сопруга на холивудскиот актер Џејсон Стејтам, ова тренди парче го носеше со црна ролка од „Wolford“ и лакирани црни панталони со потписот „RtA“, додека целиот стајлинг дополнително ги „подигна“ со елегантни „Gianvito Rossi“ високи потпетици, очила за сонце од „Victoria Beckham “ и прекрасна чанта од „Loewe“ во ефектна жолта боја.

Па, дали ви се допаѓа ова издание на Роузи?

Facebook Comments
No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.