CelebrityНаши ѕвезди

Росана се стопи од љубов – Пејачката сподели преслатка фотографија од своите внуци (Фото)

Advertisement

Пејачката Росана Сариќ-Тодоровска повторно го привлече вниманието на своите следбеници откако на Фејсбук објави нова фотографија од своите внуци, преслатките Ноа и Матео.

Дечињата живеат во Англија со нејзината ќерка Ивана и зетот Џејмс.

Advertisement

Иако оддалеченоста ѝ паѓа тешко, Росана никогаш не ја крие длабоката љубов кон внучињата.

„Живееме за нив. За жал, повеќе не живеат во Македонија, се преселија во Англија и сега веќе се гледаме на камера. Во моментов ни дојдоа на гости, па можеби за Нова година или Божиќ пак ќе ни дојдат.

Па, и ние ќе отидеме таму. Само знам дека е тешко, особено мене, бидејќи некако цел живот само дочекувам и испраќам на аеродром. Тоа навистина е многу тажно, тешко ми е на душата, но не сакам да зборувам бидејќи солзите сами ми течат“, изјави таа претходно за „Канал 77“.

Новата фотографија веднаш предизвика бура од емоции на социјалните мрежи, а бројни обожаватели ѝ испратија пораки со поддршка и разбирање.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button