Свеќи, ружи и песна со посвета – ова се најдобрите љубовници и романтичари според хороскопот
Вага
Вагата ќе ви приреди романтични моменти кои никогаш нема да ги заборавите. Ќе се прашувате како воопшто се сетил на сето тоа. Ќе ве изненадува со спонтани ситници, но и големи подароци и добро испланирани љубовни состаноци. Вагата е уметник во душа, па така не се изненадувајте ако ви пишува песни и го велича вашиот лик и дело. Длабоко во ноќта, мислите секогаш ќе му бидат окупирани со вас.
“Подобро грда вистина отколку убава лага” – хороскопски знаци кои никогаш не лажат>>>
Скорпија
Иако Скорпиите делуваат рамнодушно, тие стануваат романтични ако навистина ги освоите. Секогаш ќе ви вели дека за него сте најубавата девојка на светот, ќе ви ја подарува вечноста, а вие нема да знаете што ве снашло.
Риби
Нема сомнеж дека Рибите се непоправливи романтичари. Ним никогаш не им е доста од нежност и љубов. Единствена маана им е што не се доволно одлучни и упорни, па нема да знаат како да ви пријдат и да ве освојат иако силно ве посакуваат. Очекувајте романтични прошетки по брегот со музика и мирис на цвеќиња. Неговиот глас ќе ве освои, а неговата добрина и благородност ќе направи да се вљубите до уши.