Романтичната страна на Стојанче Ангелов – Погледнете како ѝ честиташе роденден на сопругата

Директорот на Центарот за управување со кризи е среќно оженет човек со три деца.
Тој е долги години во брак со Јасминка. Тие имаат син, Марко и ќерка, Сара, а и двајцата имаат по една ќерка од претходните бракови. Стојанче често објавува семејни фотографии и судејќи по тоа можеме да заклучиме дека е заљубен.
Како Марфи да не замеша прсти, како и секаде така и овде кај ова семејство. Претежно нивните семејни прослави се на лето, а за време на летото, за жал често има пожари, па Стојанче не може да ужива во приватниот момент со најблиските и често седи „како на трње“. Ќе се потсетиме дека тој лани само што замина на одмор во Грција, мораше веднаш да се врати поради големите пожари во Макеоднија, па го остави семејството да ужива на плажа додека тој се бори со пламените јазици.
Денес е посебен ден зза семејството Ангелови. Сопругата Јасминка слави роденден, па тие одлучија д апоминат убав ден заедно на ручек на базен „Романтик“ во Велес.
Ангелов со романтична орака и убави семејни фотографии ѝ го честиташе роденденот на сопругата.
Помеѓу два пожари. Животот тече. Ден по ден. Година по година.Беше помлада, но исто волку убава. Мојата сопруга, нејзиниот роденден и нашите деца – напиша Ангелов на објавата.
Ќе се потстетиме дека тие лани славеа 20 годишнина од брак исто така во летниот период.