Класично модно парче што секоја Македонка која држи до себе треба да го има во плакарите
Секоја девојка сака да изгледа убаво, па и кога е студено …

Ролките и оваа студена сезона ќе бидат на самиот врв кога се трендовите во прашање. Модели во црна боја сигурно сите имате во вашите плакари и со нив досега милион пати сте се извлекле од оние ситуации кога не знаете што да облечете. Тие можат да се вклопат во секоја ситуација и токму затоа вреди во нив да се инвестира особено во овој период од годината. Но покрај класичните црни, па и моделите во неутрални бои, оваа сезона вистински хит се и оние со предимензиониран крој кои познатите трендсетерки и ИТ девојки обожаваат да ги комбинираат со тесни фармерки и кратки здолништа.
Моден класик без кој не можеме – совршени идеи како да носиме ролки оваа сезона >>

Потенките модели можете да ги носите дури и под слип фустани и на тој начин да ги носите и во есенските комбинации, а со шармантните модели што ќе ги видите на крајот можете да го внесете препознатливиот француски шмек во вашиот секојдневен стил.







НАШИ ПРЕДЛОЗИ

H&M

MANGO

STRADIVARIUS

ZARA

ZARA

MANGO

H&M
| види повеќе » |




