Познатата латиноакериканска ѕвезда изгледа неверојатно и во петтата деценија од животот
Погледнете како изгледа денес Росалинда
Актерката и пејачката Аријанда Талија Соди Миранда Мотола (или скратено само Талија) која нашата публика ја запозна преку улогата на Росалинда во истоимената серија која беше една од најпопуларните во тоа време, денес има 45 години и изгледа подобро од многу нејзини помлади колешки.
Имено, откако стекна слава со светскиот хит „Amor a la Mexicana“ речиси и да се нема променето, а од тогаш поминаа цели 20 години.
https://www.instagram.com/p/BHsiyLxhTqa/
Иако многумина и замеруваат што естетски го разубави лицето, факт е дека Талија има феноменално тело. Како што самата во една пригода има изјавено за нејзиниот добар изглед не се заслужни здравиот начин на живот и исхраната, туку одлично изгледа бидејќи има здрав сексуален живот.
Таа веќе 16 години е во брак со 22 години постариот музички продуцент Томи Монтола со кого има две деца – ќерката Сабрина и синот Метју Алехандро.