NEWSВести

Родителите на загинатите најгневни на газдата Деко, го нарекоа монструм и парољубец

Advertisement

Во судницата во Идризово денеска почна судењето за пожарот што се случи на 16 март годинава и во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.

Судијката Диана Груевска-Илиевска, која ќе претседава со Судечкиот совет, ќе ја има една од најтешките задачи – да ја увери јавноста дека судењето кое, во секој случај, ќе биде траорно, мачно и долго, ќе биде правично и транспарентно. Судот ќе биде прв на тест на јавноста дали ќе ја премине линијата меѓу утврдување на вистинската одговорност наспроти „жедта за крв“, односно дали ќе донесе аргументирана судска одлука што ќе одговори на очекувањата и на јавноста и на правната фела.

Advertisement

Родители и блиски на загинатите во кочанската трагедија уште рано утрово беа собрани пред судницата во најголемиот затвор во Идризово.

Родителите на загинатите се најгневни на сопственикот на дискотеката Дејан Јованов -Деко и неговиот син. Јованов беше донесен од притвор од Куманово, а родителите го нарекуваат монструм и парољубец.

На судењето се присутни повеќе од 50 родители на загинатите во пожарот и 30-ина домашни медиуми. Акредитирани се и странски медиуми како БМТ, ТРТ, Франспрес, Ројтерс, Асошиејтед прес, Андалузија и други.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button