Огласи
Вести

Родителите ги бараат децата и на социјалните мрежи, во болниците хаос – нови детали за трагедијата

Телевизија Стар објави и апел за препознавање на три лица кои биле на концертот на кој се случи големата трагедија, а на социјалните мрежи кружат уште многу други фотографии од млади лица чии родители се загрижени и бараат било каква информација за нив....

advertisement
advert

Според досегашните информации, станува збор за дискотеката „Пулс“, а пожарот настанал од пиротехниката што се користела за светлечки ефекти во диско-клубот.

Страшна трагедија се случи за време на концертот на групата ДНК во Кочани, кога се запали дискотеката и однесе десетици жртви.

Како што пренесуваат медиумите, станува збор за дискотеката „Пулс“, а пожарот настанал од пиротехника што се користела.

Како што објави штипската телевизија Стар (повеќе детали тука), според неофицијални податоци, од 50 до 100 лица го изгубиле животот, а голем број повредени се пренесени во болницата во Кочани, но и во останатите болници во Македонија.

реклама

Принтскрин/ Социјални мрежи

Цело време со хеликоптер се пренесуваат повредени лица кои се во тешка состојба во болницата во Штип, но и во болницата 8. Септември во Скопје. И во двете болници е голема гужва, многумина ги бараат своите најблиски, а своите деца родителите ги бараат и преку социјалните мрежи.

Марpкетинг

Телевизија Стар објави и апел за препознавање на три лица кои биле на концертот на кој се случи големата трагедија.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Нивните семејства не знаат што е со нив и во која болница се. Бараат итно било каква информација, пишува во објавата на телевизијата.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Повеќе информации и детали ќе објавиме во текот на денот, а до тогаш се молиме за помалку жртви и поголем број спасени лица.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button