Интервју

Ѝ посакувам на Илина другарки како моите, заедно сме од деца – искрено со Елена од Сител за мајчинството

Многу сум им благодарна на моите родители за сè, од грижата до тоа дека вложија максимум да ни овозможат на мене и сестра ми топол дом, образование и можност да бидеме денес здрави личности.

Реклама
Реклама

Родители на 21 век

Таа е мајка на преслатката Илина. Нашата позната водителка, преубавата Елена Стојановска- Јанковска зборуваше за тоа како е да се биде мајка денес, во рамките на нашата рубрика РОДИТЕЛИ НА 21 ВЕК.

Со какви предизвици се соочуваат роидтелите во денешницата наспроти родителите на минатото. Ја навративме низ спомените кога била дете и како нејзините родители ја воспитувале. Колку таа ги применува тардиционалните техники на растење ан нејзината ќеркичка и дали е мајка која сака да ги следи трендовите преку книги за родители и сл.

Маркетинг

Колкав и каков удел има нејзиниот сопруг во воспитувањето на детето и иза други прашања повзрани со оваа тема.

Во продолжение уживајте низ разговорот со пријатната Елена.

Маркетинг

 

Дали е тешко да се биде родител на 21 век?

Искрено, не мислам дека е лесно да се биде родител, без разлика на времето. Сигурна сум дека не било едноставно ниту за нашите баби и дедовци, ниту за нашите родители.

Но, сигурна сум и дека нема поголема радост да го држите во раце своето новороденче, да гледате како ги прави првите чекори, првпат кажува ,„мама“ и за многу кратко време веќе не е бебе туку девојче со свои мечти, размислувања и соништа за иднината.

Може ли да ни опишете каква е вашата ќеркичка?

Ова Ви е многу тешко прашање. Како и сите родители така и јас мојата ќерка ја обожувам и за мене е совршена. Моето девојче е многу чувствително, своеглаво и има особина на решителност која многу и ја сакам. Физички, колку и да сакам да кажам дека личи на мене, сепак е некој спој од гените на моето семејство и семејството на мојот Огнен.

Споделете со нас некоја анегдота што ви ја направила?

Од каде да почнам….(хахахаха) Ние со сопругот си имаме една идеја дека се додека таа сака да оди со нас на патувања ќе одиме сите тројца. Илина беше малечка а ние одлучивме да поминеме неколку денови во мај на езерото Комо. Јас се облеков во бели пантолони и се дотерав колку што можам повеќе за да уживаме крај езерото во еден од нивните прекрасни ресторани.

По ручекот одлучивме да прошетаме крај езерото и додека Огнен фотографираше, одеднаш Илина се лизна и беше внатре во езерото. Јас вознемирена се залетав по неа, се лизнав и јас, и влетав и јас во езерото. На крај сопругот, откако се созема од смеење не извади и двете. Моите бели пантолони беа зелени и тогаш бев многу нервозна ама денес ми е еден од најсмешните и најдраги спомени.

По какви методи ја воспитувате?

Се водам по свој метод. Се обидувам да бидам тука за неа, кога сака да ми се довери, ја сослушувам. Гледам да и олеснам иако сум свесна дека некои работи во животот ќе мора да ги осознава сосем сама. Сакам да е одличен ученик, но повеќе за да научи и да биде образувана отколку да ги има сите петки. Интернет групи не следам, книги не читам, сакам проблемите да ги решаваме со љубов.

Што мислите има ли голема разлика во начинот на растење на децата во 21 век,за разлика од времето кога вие сте биле дете?

Секако дека има. Ние бевме многу послушни деца со сестра ми, одевме на гости со родителите, ги завршувавме обврските и по цртаните си легнувавме со книга. Ништо не ни го одвлекуваше вниманието. Сега децата истовремено имаат пристап до разни тв канали со серии, имаат модерни телефони и помагала. Тие пребрзо растат, социјализираат преку телефони и личниот контакт е сведен само во училишните клупи. Не знам што е подобро или полошо, и посакувам на Илина другарки како моите, заедно сме од деца и сè уште се тука за мене.

Најважно е да има свои луѓе во овој свет во кој некако веќе сите се оттуѓуваме и за жал пријателствата ни се лажни.

Кои се најголемите предизвици (старвови) за родителите на 21 век?

Не треба да се живее со страв, но ете јас не можам против тоа. Се плашам буквално од се, други времиња се. Се обидувам многу да разговарам со неа, да и ги објаснам работите колку што можам поедноставно и се обидувам да не и ги пренесувам моите стравови.

На кој начин се поделени обврските во вашето семејство околку малата Илина?

Не делиме обврски. Ние двајцата сме присутни во нејзиното растење, единствено сопругот е задолжен за спортски живот и правилен физички раст и развој. Јас таму немам компетенции (хахахах)

Кои се предности, а кои мани за родителите на модерното време ?

Предност е што можеме во секој момент да ја побараме на мобилен, да знаеме кој се најзините пријатели и каде се движи. Но, модерното време им ги прави сите работи лесно достапни и на децата, некогаш и оние работи кои не се препорачливи за нивните кревки години а за жал ние тоа веќе не можеме да го спречиме. Се трудиме да контролираме, но никогаш не знаете се.

Што паметите од тоа кога бевте дете, на кој начин ве воспитуваа вашите родители?

Моите сеќавања се поврзани со спокој и мир. Прослава на Нова година кај баба и дедо, најубавите гозби од мојата прекрасна баба. Екскурзии и дружби со деца кои сега веќе се возрасни и се уште ги имам до мене.

Многу сум им благодарна на моите родители за се, од грижата до тоа дека вложија максимум да ни овозможат на мене и сестра ми топол дом, образование и можност да бидеме денес здрави личности.

 Каков совет им давате на младите родители, на што треба да обрнат најмногу внимание?

Не сум совршена и не сакам да делам совети. Верувам дека секој прави се за своето дете во рамки на своите можности.

 Какви афинитети покажува Илина од мали нозе, дали ќе биде на мама водителка или?

Илина сега сака да биде се. Водителка, глумица, докторка, архитект. Времето ќе покаже а јас се надевам ќе бидам покрај неа да ја поддржам во се.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button