Иако ви се чини дека не е премногу забавно да имате роденден токму пред празниците, сепак, треба да знаете дека постојат и некои предности кои ви ги нуди раѓањето во последниот месец од годината.
Тоа го потврдуваат различни истражувања. За почеток, експертите тврдат дека личностите родени во декември живеат подолго. Според една студија, сите оние кои се родени тогаш имаат најголеми шанси да ја доживеат 100-тата година.
„Ова истражување сугерира дека родените во декември, во однос на родените во мај, имаат значително поголема шанса да ја доживеат дури и 105-тата година“, пишуваат во извештаите од студијата. Исто така, „декемвриските бебиња“ израснуваат во пристојни и подобри личности, а една анкета спроведена помеѓу студените во Америка открила дека луѓето родени во декември се помалку склони кон промена на расположението.