На патот до успехот маните воопшто не им пречат, па затоа и овие два хороскопски знака се толку успешни.
Овен – секако!
Најизразената црта на Овните е вродената авторативност. Тие се храбри, одлучни, ентузијасти, имаат голема самодоверба, динамични се, полни се со почит, чест дисциплина и склони се кон хероизам. Одлични квалитети за еден владетел, зар не? Овните уживаат во предизвиците и храбро се пробиваат низ сите животни бури. Не сакаат да чекаат никој и ништо. Нестрпливи се и секогаш борбени. Тешко им паѓа какво било одложување, а оној кој сака да му угоди и да му привлече внимание, треба само да го исполни она што му го ветил – и тоа што побрзо!
Јарец – ништо без него!
Поради својата доминантна природа, Јарците се родени за позицијата шеф. Овие се неговите карактеристики: Одговорност, дисциплинираност, самоконтроа, сериозност, амбициозност, истрајност, силна волја, мудрост, верност, издржливост, штедливост и точност. Јарците природно сакаат ред, работа и дисциплина, па уживаат во подучување на своите вработени. Немаат страв од губење на позицијата, затоа што се уверени дека се незаменливи. Јарците одлично реагираат на притисокот и за него стресот едноставно не постои. Ако истовремено треба да координира десет работи, тој тука е вистински мајстор и реагира дури подобро од некои кои треба реагираат во нормални ситуации.