Реклама
Наши ѕвезди

Хурем беше оставена од партнерот додека беше бремена, но таа денес е среќна самохрана мајка (видео)

Реклама

И нејзиниот живот е како турска серија…

Познатата турска актерка Мерјем Узерли која што се прослави со улогата на султанката Хурем во познатата турска сапуница „Сулејман величествениот“ денес е среќна самохрана мајка на четиригодишната ќерка Лара.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/Be0addqgWxl/?utm_source=ig_embed

Нејзината преслатка ќерка деновиве го прослави својот 4 роденден, па мајка и и приреди настан кој е за паметење.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BeCrLq8gtYD/?utm_source=ig_embed

Мерјем со таткото на Лара се запозна за време на снимањето на „Сулејман величествениот“. Станува збор за бизнисменот Кан Атеш од кого набргу ќе забремени, но тогаш животот како да почна да и оди во надолна линија. Имено, Кан кој е постар 17 години од неа не сакаше Мерјем да го задржи бебето бидејќи веќе е татко на две возрасни деца и сметаше дека бебето (!) ќе ги расипе сите убави работи што ги имаат во врската. Тогаш за неа започнуваат вистинските проблеми кои се претворија во тешка депресија поради што ќе ја напушти Турција и ќе се врати да живее во Германија. Таа во Берлин и ќе ја роди својата ќеркичка – девојчето поради кое и започнаа нејзините проблеми, но поради кое познатата актерка на крај повторно ќе се застане на свои нозе и ќе ги помине сите животни бродоломи.

Во меѓувреме ќе и се случат и неколку љубовни врски, но по се изгледа дека најцврста и е врската што ја има со сојата ќерка. Таа нејзе и го подари животот, а како што се пофали на Инстаграм, каде редовно објавува фотографии со малата Лара, на нејзиниот роденден си дозволи максимално уживање во совршената тематска роденденска забава која што самата ја осмисли.

https://www.instagram.com/p/BfBXmPcAlfh/?taken-by=meryemuzerlimeryem

Лара и нејзината мајка родендененот го прославија облечени како Мини Маус,  а Мерјем ја покани и вистинската Мини, гостинката на која најмногу и се радуваше Лара.

Поврзано

Back to top button