CelebrityНаши ѕвезди

Роденден како од зимска бајка – Синот на Тамара Тодевска славеше со Дедо Мраз, песна и многу детска радост (Фото)

Advertisement

Домот на Тамара Тодевска се претвори во мала зимска бајка. Нејзиниот син Дарен, кој неодамна наполни 7 години, роденденот го одбележа со весела домашна забава, обоена во новогодишни тонови, детска смеа и присуство на – Дедо Мраз.

Македонската пејачка на Инстаграм сподели видеа и фотографии од прославата, откривајќи топли и разиграни моменти од забавата на која Дарен уживаше со своите другарчиња.

Advertisement

Просторот беше уреден во зимски стил, со снежна атмосфера и празнични детали, а најмногу внимание привлече моментот кога децата заедно ја пееја песната „Во светот на бајките“, додека Дедо Мраз им свиреше и ја надополнуваше магијата.

Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска

Меѓу гостите беше и ќеркичката на Катарина Ивановска, со која Дарен позираше насмеан, а фотографијата предизвика бројни позитивни реакции кај следбениците на Тамара.

Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска

Неколку дена пред забавата, пејачката роденденот на својот син го одбележа и со јавно честитка, придружена со торта, видео и искрена порака која допре до многумина:

„Среќен 7-ми роденден, сине

Од првиот здив знаев дека
ти си МОЕТО СРЦЕ надвор од мене.

Со тебе ЉУБОВТА доби ново значење,
а секој ден е полн со СВЕТЛИНА.

Биди СРЕЌЕН И ЗДРАВ

Нека светот ти ги отвори сите врвови.

Дарен, Те сакаме бескрајно.
Мама, Хана и Лука“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button