Родена во шупа, а денес ужива во раскош и злато – има македонско потекло и живее како царица
Познатата пејачка живее во својата луксузна куќа – во дворот огромен базен, внатре - екстраваганција

Нејзините родители биле толку многу сиромашни што живееле без основни услови и немале струја, а како дете носела алишта што и ги давале другите.
Пејачката имала многу тежок живот, но сега ужива во богатството што го има создадено со текот на својата кариера
Таа денес е една од најпознатите фолк-пејачки на Балканот, а во една пригода сама откри дека има македонски корени.
Станува збор за познатата фолк-пејачка Гоца Божиновска која имала многу тешко детство, иако нејзиниот татко, како што самата откри, потекнува од богато семејство од Македонија. Но тој заради преголема љубов кон нејзината мајка го напуштил своите и заминал со неа, а животот и двајцата воопшто не ги милувал.
Инстаграм/ Гоца Божиновска
Како што пејачката изјави во една пригода, била родена во воз но и во семејство кое живеело во шупа откако земјотрес им ја срушил куќата.
„Мојот татко беше богат човек додека живееше во Македонија, но напушти сé кога се пресели во Србија заради мојата мајка“, изјави пејачката во една пригода додавајќи дека потоа живееле „крпен“ живот.
Толку биле сиромашни што живееле без основни услови и немале струја, а како дете носела алишта што и ги давале другите.
И токму затоа морала да работи од мали нозе и цел живот сонувала за подобри денови, па затоа, како што вели, и денес може да живее со милиони, но во исто време, таа знае да преживее и само со еден денар, бидејќи некогаш живеела во максимално скромни услови и многу добро знае што значи кога некој нема ништо.
Инстаграм/ Гоца Божиновска
Живот на висока нога
Гоца денес живее на висока нога и веќе со години е присутна на естрадата, а за нејзината куќа со базен медиумите често пишуваат.
Инстаграм/ Гоца Божиновска
И како што се вели во овие објави, нејзината куќа вреди речиси еден мили евра и Гоца во неа живее со синот, снаата и внуците.
На нејзиниот профил на Инстаграм може да се видат и фотографии на кои таа ужива покрај големиот базен што го има во дворот, а слични фотографии споделува и снаата Бојана Шијан.
Инстаграм/ Гоца Божиновска
Златен мебел
Целата куќа зрачи со барокен стил, а опремена е со стилски мебел во боја на злато што остава посебен впечаток.
Од дневниот престој кој зрачи со луксуз се излегува директно на терасата, а тука е и скапоцениот кристален лустер.
Инстаграм/ Гоца Божиновска
Внукот на Гоца
Целиот двор е ограден со висока ограда и црна капија, а им и надзорни камери кои се поставени на сите страни.
Инстаграм/ Гоца Божиновска
По венчавката на својот син, Мирко Шијан и Бојана Родиќ, тие ја реновираа куќата и сега сите задно уживаат во неа.